Дневен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

Дневен хороскоп за Риби - четврток, 19 септември 2024

Верувате силно во вашите идеи и не дозволувате никој да ви го смени мислењето, затоа и ќе успеете.

На љубовно поле зрачите со неверојатна енергија, а ќе се најдете во некоја „сега или никогаш“ ситуација.

Не се двоумете да ги делегирате обврските и на останатите, не можете секогаш сами.

Неделен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

Љубов Работа Здравје
5 4 4

16 до 22 септември 2024

Љубов: Рибите кои се во врска оваа недела ќе имаат задоволителна емотивна ситуација. Партнерот ќе биде иницијатор за подобрување на врската и спремно ќе го прифати тоа. Слободните Риби може да имаат најмногу шанси за љубов ако одат на патување, или ако запознаат личност која има врски со странство.

Работа: Не трошете време на работи кои не ви носат пари туку само чувство на задоволство. Задоволството брзо ќе почне да исчезнува пред празниот паричник. Некој ќе ви понуди интересен деловен аранжман, кој треба да го прифатите што поскоро. Бидете десна рака на претпоставениот бидејќи тој има големи планови за вас.

Здравје: Бидете пооптимистични и активни на сите полиња. Имате многу акумулирана енергија која можете да ја ослободите со долга прошетка, џогирање или друга физичка активност во која уживате.

Совет: Ќе откриете ново хоби, практикувајте го.

Месечен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

септември 2024

Работа: Во овој период ќе ве водат најмногу амбициите и може да постигнете многу, но и да добиете бенефиции, покачување. Внимавајте од средината на месецот, бидејќи можни се грешки на работа. Можете повеќе да соработувате со непознати, но и да патувате поради работата. Ако имате приватна работа, барате клиенти меѓу странци. Исто така, оние кои имаат приватна работа би можеле да се соочат со работи што решително ќе влијаат на иднината на бизнисот, затоа што постои можност за спојување со некоја посилна фирма или со некој поврзан со странство. Ќе трошите пари за да исполните одредени цели, но ќе се грижите за она што навистина ви треба, избегнувајте да купувате на крајот од месецот, има можност за грешки во одлуките.

Љубов: Сите видови на врски, без разлика дали се краткотрајни, долги или брачни, ќе бидат на некој вид тест во наредните недели. Ако сте слободни, може лесно да запознаете некој преку интернет, некој ќе го привлече вашето внимание во овој период. Ќе имате проширен избор, што понекогаш не е предност затоа што ќе биде потешко да се избере вистинската личност, па затоа е неопходно да се вклучи умот при изборот. Во првиот дел од месецот ќе ве води страста и ќе флертувате повеќе. Вториот дел од месецот е поповолен за почнување на врска во која сè се заснова на страстите. Оние во брак треба да го користат првиот дел од месецот за да ги решат проблемите. Ако сте во врска, ќе треба многу енергија и нерви за да ја одржите.

Здравје: Пазете се од физички повреди, особено ако сте ги имале во последно време. За да ја одржите вашата енергија овој месец, бидете внимателни. Слушањето на сигналите на вашето тело, балансирањето на вашата исхрана и редовното вежбање ќе ви помогнат да избегнете прекумерен напор и да ја одржите физичката благосостојба и кондицијата.

Годишен хороскоп

Риби Риби
 19.02-20.03

2024

Без оглед дали сакате да постигнете успех на работа и во љубовта или цел ви е да создадете подлабока врска со себе, очекувајте интересна и плодна година.

Познати сте како креативци, а тоа ќе дојде дополнително до израз во 2024-та година.

Во втората половина од годината ќе успеете да ги реализирате и своите најлуди соништа.

Но, бидете свесни дека нема секогаш сè да оди мазно и без проблеми.

Ќе се соочувате со предизвици и пречки кои ќе го тестираат вашето трпение.

Верувајте во себе и во своите можности, единствено така ќе успеете да постигнете сè што сте намислиле.

Љубовта ќе цвета, а вие ќе имате чувство дека сте на седмо небо.

Некои Риби ќе сакаат да пробаат холистички пристап и третмани, со алтернативни терапии, акупунктура, ароматерапија или растителни лекови.

На деловен план ќе имате турбулентна година со многу повеќе подеми отколку падови.

Кариера и финансии

Во 2024-та година ќе ве очекуваат големи деловни предизвици, какви што не паметите.

Ќе имате многу нови можности, но ќе треба да „играте“ паметно и да ги прифатите само оние кои се сигурни.

Не преземајте ризици, колку и да сте сигурни дека на крајот ќе излезете како победници.

Од друга страна, со вашите идеи ќе ги воодушевите колегите и претпоставените, па тоа ќе ви биде голем плус во кариерата.

Комуникацијата со луѓе од различни области, но и запознавањето нови луѓе во вашето деловно окружување ќе се покаже како одличен чекор.

Но, бидете подготвени и за повремени деловни разочарувања.

Поради вашата сочувствителност, некој ќе проба да ве искористи.

Во втората половина од годината некои од вас ќе почнат да размислуваат за алтернативна кариера или преселба во странство, каде што ќе почнат сè од почеток.

Љубов

2024-та ќе биде година на страст, љубовни можности и големи промени, а вашето срце ќе чука забрзано и ќе сака да доживее уште поголема возбуда.

Ако сте сингл, подгответе се да ве заведе некој што ќе ја разбере вашата сензитивна и емпатична природа.

До израз ќе дојде вашиот магнетски шарм и ќе привлекувате луѓе каде и да се појавите.

Ако сте во врска, таа ќе се продлабочи, а вие и партнерот ќе најдете ново ниво на разбирање и интимност.

Но, некои Риби ќе преживеат и љубовни турбуленции и проблеми во комуникацијата со партнерот (без оглед дали се во врска или во брак).

За среќа, овие предизвици ќе ве направат посилни за да можете да се носите со сите идни проблеми.

Ако сте во брак, секогаш бидете отворени и искрени во комуникацијата со партнерот – во спротивно ве очекуваат големи проблеми.

Некои Риби, пак, кои се во долга врска, почнуваат да размислуваат за брак.

Но, запомнете – не го притискајте партнерот за да не постигнете спротивен ефект од она што посакувате.

Балансирајте меѓу семејството и работата и не дозволувајте приватниот живот да трпи за сметка на професионалниот.

Здравје

Во 2024-та вашето физичко здравје ќе оди по нагорна линија.

Ќе покажете ентузијазам за вежбање каков што сте немале претходно, до толку што и вие ќе бидете изненадени од себе.

Обидете се да одржувате конзистентност во текот на целата година, без оглед дали ќе се посветите на јога, пливање или обични долги прошетки во природа.

Од друга страна, не ја занемарувајте ни исхраната, па јадете по малку од сè, без претерување, но внесувајте и доволно течности.

Не заборавајте дека е најважна умереноста, па затоа избегнувајте екстреми и во однос на вежбањето, и во однос на исхраната/диетата.

Одвојте доволно време и за одмор, слушајте го телото и не правете ништо што не ви годи.

На листата приоритети за 2024-та нека ви биде и здравиот сон, па спијте колку што можете повеќе – така ќе ги полните батериите и ќе си ја враќате загубената енергија.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg