Дневен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

Дневен хороскоп за Стрелец - четврток, 19 септември 2024

Брзо ќе си го менувате мислењето, а разговор со некој близок може да ви годи ако сте во недоумици.

На љубовно поле ќе донесете голема одлука која ќе биде како темел за идните случувања и планови.

Учете од грешките на професионално поле и потрудете се да не повторите нешто од минатото.

Неделен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

Љубов Работа Здравје
5 4 4

16 до 22 септември 2024

Љубов: Стрелците оваа недела нема да имаат некои посебни настани на љубовен план. За оние кои се зафатени, партнерството ќе бара повеќе трпение и адаптирање. Би било добро да бидете потактични со партнерот. Доколку сте сами, во средината на неделата имате можност да запознаете личност која работи во медиумите.

Работа: Следува период во кој ќе бидете многу ангажирани. Понекогаш може да се чувствувате како да немате доволно енергија за работата што се очекува да ја завршите за краток временски период. Доколку склучувате договор, бидете внимателни во разговорот и внимавајте што потпишувате. Не бидете наивни и премногу оптимисти.

Здравје: Проверете го видот. Ослободувањето и изразувањето на чувствата ќе ви донесе големо олеснување. Физички, можете да го доживеете ова олеснување преку чистење на телото.

Совет: Опуштете се со добра музика.

Месечен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

септември 2024

Работа: Ќе ви биде тешко да го одржите оптимизмот, особено во првиот дел од месецот бидејќи сите ќе ве убедуваат во спротивното. Можни се грешки, но и проблеми од минатото, чија причина сте главно вие. Во вториот дел од месецот работите ќе ви бидат многу полесни и ќе ја вратите вербата во себе и ќе си го вратите оптимизмот. Ќе бидете окупирани со пари пред сè и ќе се трудите да заработите по секоја цена. Парите во овој случај доаѓаат само ако се лично заработени, сите пари што доаѓаат од туѓ труд може да исчезнат исто толку брзо. Не ризикувајте, инвестирајте дури од средината на месецот бидејќи можни се поголеми загуби и грешки кои скапо ќе ве чинат. Работете во согласност со законските прописи.

Љубов: Вашето внимание е пренасочено од работните обврски во насока на личност која долго време ви е интересна. Само внимавајте да не ја помешате деловната учтивост со некои од сигналите што ги очекувате. Ситуацијата би можела да биде многу комплицирана ако се работи за некој со кого работите заедно. Во првиот дел од месецот можеби ќе имате потреба да се ослободите од сопирачките, правилата и барањата на партнерот и да барате нешто на страна, но ова не е така добра одлука бидејќи ќе се водите само од сегашната потреба која наскоро ќе помине. Ако сте сами, може да најдете мала авантура на интернет, но првиот дел од месецот не е поволен за влегување во сериозна врска. Во вториот дел од месецот љубовта може да ве пронајде.

Здравје: Следете ги советите на вашиот лекар или препишаната терапија за да избегнете компликации. Бидете свесни за вашиот стрес и пронајдете ефективни начини за справување со него, како што се јога и медитација. Обрнете внимание на сигналите на вашето тело, соодветен одмор и грижата за себе ќе ви помогне да ја одржите енергијата и менталната јасност.

Годишен хороскоп

Стрелец Стрелец
 22.11-21.12

2024

Стрелци, во 2024-та ќе се фокусирате на работи од кои сте бегале во минатото, но сега ви делуваат многу привлечно и забавно.

Ова ќе биде и година за голем личен развој и себеспознавање.

Некои од вас ќе имаат голем успех на љубовен план, а други ќе напредуваат во кариерата.

Ќе имате чувство дека живеете во бајка и дека сè околу вас е идеално и совршено.

Иако имате слободен дух и не сакате да планирате работи однапред, кога е во прашање љубовта, ќе сакате да знаете точно на што сте.

Ова е и година на патувања, а со оглед на тоа дека сте авантуристи, ќе ја искористите секоја можност за да прошетате.

Ако чувствувате нервоза или анксиозност, обидете се да се смирите со јога или медитација.

Кариера и финансии

Во 2024-та се можни големи промени на финансиски план, но на подобро.

Познати сте по тоа што сакате да ризикувате и секогаш сте оптимисти, па тоа ќе ви дојде добро следната година.

Уште на почетокот на годината можете да почнете со свој бизнис или да прифатите уште една (хонорарна) работа, која ќе ви донесе екстра приход.

Сепак, не се залетувајте и добро размислете пред да се впуштите во некаков финансиски потфат, а ако треба побарајте и стручен совет.

Повеќето непромислени одлуки ќе ви се исплатуваат, но важно е да направите баланс помеѓу ризичните потези и тоа да имате сигурно тло под нозете.

Некои Стрелци ќе сакаат да вложат во криптовалути, но повторно, имајте предвид дека и криптовалутите носат голем ризик.

Не инвестирајте повеќе од она што можете да си дозволите да го загубите – однапред размислувајте за потенцијалните загуби.

Ако имате можност, едуцирајте се во однос на инвестициските стратегии или консултирајте експерт, а дури потоа повлечете го последниот потег и потпишувајте документи.

Љубов

Во текот на целата година очекувајте измешани емоции, големи подеми и падови.

Од ова ќе научите неколку лекции и до крајот на годината ќе почнете да размислувате потрезвено од претходно.

На почетокот на 2024-та ќе се појават искри меѓу вас и некој што го знаете одамна, а за кого никогаш не сте мислеле дека може да ви го привлече вниманието.

Некои Стрелци ќе ја продлабочат врската со партнерот и ќе имаат чувство дека никогаш не биле посреќни, ни поблиски со него.

Бидете отворени со партнерот ако сакате мир во домот или во врската.

Организирајте семејни прослави и заеднички активности кои ќе ве зближат дополнително.

Ако сте во брак, можно е некој што знае дека не сте сингл, упорно да ви се наметнува и да пробува да ве освои.

Обидете се да одолеете на неговиот шарм, колку и да ви годат на егото слатките зборови.

Ако имате потреба за малку личен простор и време за себе, кажете му го тоа јасно на партнерот.

Здравје

Во 2024-та ќе се соочувате со променливо здравје. На моменти ќе бидете „здрави како дрен“, а брзо потоа нема да можете да станете од кревет поради силна настинка.

Обидете се да го смените животниот стил и да се фокусирате повеќе на здравјето.

Вежбајте повеќе, применувајте балансирана исхрана, не претерувајте со ништо.

Одете на здравствени прегледи и барем еднаш во текот на годината проверете ги срцето, видот и бубрезите.

Колку што можете повеќе поминувајте време на отворено и на чист воздух.

Планинарете, возете велосипед, трчајте, пливајте и ова нека ви стане секојдневна рутина.

Но, важно е да се посветите и на менталното здравје – не дозволувајте да ве вадат од такт работи на кои не можете да влијаете.

Размислете за јога или медитација, може да се изненадите од ефектот што ќе го имаат над вас.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg