Дневен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

Дневен хороскоп за Скорпија - четврток, 19 септември 2024

Ви се разбиструваат мислите и конечно ќе се фокусирате малку повеќе на себеси и остварување лични достигнувања.

На љубовно поле ќе се ослободите од сомнежи кои подолго ве мачат, а поотворено ќе зборувате за проблемите.

Ќе ви се зголеми мотивацијата на професионален план и многу повеќе време и напор ќе вложувате тука.

Неделен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

Љубов Работа Здравје
5 4 4

16 до 22 септември 2024

Љубов: Скорпиите кои се во подолги врски оваа недела може сериозно да почнат да размислуваат за заеднички живот со партнерот или брак. Не бидете премногу доминантни во врската, тоа може да му пречи на вашиот партнер. Слободните може да имаат повеќе контакти, но повеќето ќе бидат ориентирани кон дружење.

Работа: Ова е добар период за секаков вид на работа со роднините, долгогодишните соработници, особено со оние кои долго се двоумеле дали да ја прифатат вашата понуда. Ќе успеете да ги убедите да ве упатат кај некој кој би можел да ви ги реши проблемите. Вашите интелектуални квалитети доаѓаат до полн израз.

Здравје: Внимавајте кога спортувате. Немојте да толерирате токсични средини бидејќи тие долгорочно ќе го оштетат вашето ментално и физичко здравје. Помогнете си себеси затоа што никој друг нема да го направи тоа.

Совет: Повремено одморете се.

Месечен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

септември 2024

Работа: Ова е многу важен период за сите Скорпии. Многу работи упатуваат на промени, кои можат да бидат планирани и посакувани, но и непланирани и ненавремени. Затоа бидете внимателни. Прво соочете се со себе, а потоа со другите. Ставете ги вашите цели на хартија, организирајте го вашиот живот, најдете време за себе и донесувајте одлуки бидејќи ова е време за тоа. Во вториот дел од месецот повеќе ќе се занимавате со заработка и пари, особено со онаа која доаѓа од странци или странски компании. Комуникацијата ќе биде вистински предизвик за вас, бидејќи секој може да ве изнервира. Нема да имате многу трпение за детали и разговор со сите, што може да создаде проблем на работа.

Љубов: Време е да престанете да ја идеализирате љубовта, да се спуштите на земја и да бидете пореални. Сепак, не би било добра идеја веднаш да почнете да ги преиспитувате своите врски и односи со спротивниот пол, бидејќи во овој период не сте доволно објективни, па вашите заклучоци нема да ја одразуваат вистинската состојба на работите. Може да ве водат страстите, потребата за авантура, зголеменото флертување, а тоа може да се зголеми само доколку не преземете конкретна акција. Можете лесно да влезете во забранета врска или во која сè нема да биде толку јасно и чисто. Ако сте зафатени, размислете добро што сакате, кога ќе поминат страстите, остануваат само проблемите. Не е секогаш сè како што изгледа на прв поглед.

Здравје: Некои кожни алергии можат да бидат знак за недостаток на имунитет. Веднаш решавајте ги физичките здравствени проблеми, доколку се појават, за да избегнете компликации. Внимавајте на исхраната и редовно вежбајте за да останете во форма. Дадете приоритет на одмор и релаксација за одржување на целокупната благосостојба.

Годишен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

2024

За Скорпиите 2024 ќе биде година на крупни промени и трансформации. Можни се големи воздигнувања, но и неочекувани падови. Затоа особено ќе треба да бидат внимателни во одредени периоди во годината, но и да внимаваат на сопственото однесување.

Ќе имате можност да остварите голем број сопствени соништа, но ќе се соочите и со предизвици и проблеми, особено ако се држите до сопственото мото дека „молчењето е злато“ и дека тоа што другите не го знаат не може ниту да ги повреди.

Најсилно оружје ќе ви бидат истрајноста и упорноста, а најголем непријател таинственоста која ви е вродена особина, а во 2024 може да ви донесе голем број главоболки, и тоа на секој план.

Работа и кариера

Во 2024 ѕвездите ќе ви бидат наклонети на поле кариера и финансии, но ќе има периоди кога ќе треба да бидете особено внимателни.

Годинава можно е конечно да го добиете унапредувањето или работното место што долго време сте го посакувале. Одлучноста и самодовербата ви се најсилно оружје, а неопходно ќе ви биде да се потрудите да стекнете што е можно повеќе нови контакти и да ги најдете вистинските соработници.

Сепак, ќе има периоди кога ќе мора да бидете особено внимателни да не влегувате во конфликти со колегите и претпоставените. Грижете се повеќе за сопственото здравје и не дозволувајте целосно да бидете преокупирани само со работата, па да ја истурате негативната енергија врз луѓето околу вас.

Одлучни сте да направите некои промени на финансиски план и благодарение на некои добро промислени ризични одлуки, може да заработите повеќе отколку што сте очекувале.

Годинава особено ќе дојде до израз вашата способност да ги откриете скриените можности за заработка и да направите мудри инвестиции.

Сепак, треба да бидете особено внимателни доколку работите со партнери, со кои е можно да имате конфликти заради заедничките финансии. Ќе биде потребно да бидете целосно искрени за да ги избегнете недоразбирања.

Исто така, ќе треба да бидете особено внимателни со импулсивните одлуки за парите, како и во комуникацијата со колегите и соработниците во периодите кога Меркур ќе биде ретрограден, па добро ќе биде за секоја одлука да барате совети од поискусните.

Иако по природа сте мистериозни и повлечени, обидете се да не ги криете финансиските проблеми од најблиските, затоа што тоа може да ви донесе непотребни главоболки.

Љубов

Без разлика дали сè уште ја барате вистинската љубов или само минливи авантури, 2024 за Скорпиите ќе биде година во која ќе имаат голем број можности да си ги остварат плановите на љубовен план.

Скорпиите што се сингл годинава ќе зрачат со позитивна енергија и сексапил, па лесно ќе успеваат да ги привлечат припадниците на спротивниот пол.

Сепак, имајте на ум дека ова ќе биде мошне важна година за вас. Па така, можни се голем број раскинувања и почетоци на нови љубовни врски.

Комуникацијата со партнерот ќе биде од клучна важност за да се зачуваат постоечките врски, а некои претставници на знакот може да одлучат дека не се среќни со партнерот со којшто се заедно во моментот и да одлучат да си ја побараат среќата со некој друг.

Особено ќе треба да внимавате на чувството на љубомора и обидот да го имате главниот збор во врските. Исто така ќе треба да се обидете да ја скротите сопствената посесивност и да не дозволите работите да излезат од контрола.

Иако за некои претставници на знакот ова ќе бидат болни периоди, сепак, мора да сфатите дека понекогаш се неопходни за да можете да напредувате во животот и да сфатите што е тоа што навистина ви треба.

Скорпиите што се во брак ќе треба да бидат особено внимателни и да не дозволат љубоморните испади и финансиските проблеми да им ја уништат хармонијата со партнерот.

Ќе биде потребно да бидете целосно отворени и искрени со партнерот и да се потрудите да не криете ништо.

Здравје

По природа склони сте кон опсесии, па може да се случи да почнете неконтролирано да вежбате или да си наметнувате себеси строги и ригорозни диети.

Тоа нема да ви оди во прилог, па ќе мора да научите како да воспоставите поголем баланс.

Стресните ситуации и периоди може негативно да се одразат и врз физичкото и менталното здравје, а и на овој план вашата таинственост може да ви претставува проблем.

Потрудете се да не ги криете ниту најмалите симптоми од блиските и од лекарите. Запомнете никој не може да знае што точно ви се случува, ако не кажете.

Исто така, потрудете се да ги следите советите на медицинските лица, а ако е потребно за некои проблеми побарајте и второ мислење.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg