„Позади Ана и мама... ти и ја напред у кола... пука Bijelo Dugme на касета, идеме за Белград...“ – напиша Јана Стојановска на 27-годишнината од смртта на нејзиниот татко, легендарниот актер Ненад Стојановски.
Со тропска тематика во дворот во куќата на нејзините родители во Слепче, Демир Хисар, Христина со сопругот Петар и трите ќерки славеше роденден, но и голема победа. Семејството по две години борба на малата Тара, ја остава зад себе битката со дијагнозата Neuroblastoma Metastaticum и конечно нејзините близначки и новородената Калија ќе бидат сите заедно постојано, без одделување поради болници и терапии.
„Среќата наша денес полни 2 – најлуди и најубави годинки, те сакаат мама и тато“ – напиша Антониа на стара фотка со синот Киан, а објави и видео на кое тој свири на клавир, додека таа пее „Happy birthday“.
„Го праша докторот: ‘Дали ќе живеам’?, а тој ме погледна мене, ама ме погледна толку жално, што сфатив дека не е океј работата“ - раскажува внукот Виктор во документарецот за Зоки Фаци и се сеќава на еден од последните лекарски прегледи на вујко му пред неговата смрт.
Лила Филиповска беше во улога на водителка на манифестацијата „Златни денови Кратово“ и издоминира во долги металик фустани, Влатко Лозаноски доби награда за најдобар поп изведувач во Краљево, а Тијана Дапчевиќ уживаше со сопругот на плажа во Грција.
Со преку 30 обичаи кои се пренесуваат од колено на колено, Лилјана Михајлоска (25) и Јован Филипоски (27) од Гостивар се венчаа на годинешната Галичка свадба.
Љупка и Георги како да го живеат својот втор меден месец - разменуваат нежности, пловат со јахта, се опуштаат на плажа, малку шопинг, хедонистички ручеци и вечери.
Лорен од САД е поранешна волонтерка, која ја посети Македонија пет години по завршувањето на својата служба, но тука сега доживеа еден од најубавите мигови во животот и засекогаш ќе ја помни нашата држава по убаво. Таа беше запросена на местото кое има една од најубавите глетки кон Охридското Езеро.
„Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа на недвижнини, со водечки тим од 20 луѓе кои секојдневно затвораат мултимилионски зделки. Последните 5 години беа години на учење, пробивање и докажување“, вели Моника, девојката која Весна Петрушевска ја нарекува свое трето дете.
Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, годините воопшто да не минуваат и е иста како во времето кога се појави на музичката сцена во 1990-тите.
„Лежев во кревет, без да можам да станам неколку денови, се движев бавно, едвај… Од некој што бил физички активен цел живот, преку ноќ станав некој за којшто физичка активност беше пешачење од неколку метри“, ја започнува својата објава Марјан Стојановски од Прилеп.
„Главоболка, омалаксаност, зашеметеност, вртоглавица, тахикардија (забрзано чукање на срцето), промени во притисокот (пад или нагло растење на истиот) се само дел од работите со кои можете да се соочите при вакви ситуациии...“, вели доктор Бојан Трајковски и советува што да преземете.
Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но и фактот дека освен тројцата браќа Филиповски, со нив се уште двајца пријатели, почнаа да се шират гласини дека момците се дојдени на ергенска забава на Стефан.
„Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пријател и најголемата сила...“, напиша емотивно Елена Најдоски по повод третата годишнина од брак со саканиот Бојан.
„Здраво, јас сум Марија и сакам да ти кажам фала ти за твоите видеа. Да не беа твоите видеа, немаше да научам македонски јазик. Јас сум родена и живеам во Америка и родителите работеа и немаа време да ме научат“, му напишала следбеничка на Александар Динев.
Овој пат двете долгогодишни пријателки одлучија да појдат на одмор со децата сами, без нивните посилни половини... Тие уживаат во Грција од каде се забавуваат со филмски пози, шеги на сметка една на друга, како и непроценливи мигови со децата.
„Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе од вчера, секој ден“, напиша нашиот саксофоност, кој слави 3 години во брак со сопругата Наташа.
„За него остварен сон, за мене експлозија од градиве да сведочам колкава искрена може да биде детската радост, со воздишки, со солзи, со тресење на устето, со возбуда да не може да се смири! Јас се изнаплакав од среќа“, вели Сања, која тајно организираше патување во Шпанија за себе и синот Иан (9).