„Дефинитивно Словенија е преубава! Со чистиот воздух и преубавата енергија низ Љубљана“, напиша диџеј Мац и сподели семејни фотки оттаму. Тој во 2022-ра ја запроси саканата Татјана на уникатен начин, а во февруари годинава го прославија 1-иот роденден на Петар.
„Ве сакам сите и ми недостигате неизмерно. Секојдневно се будам со мислата на мојата Македонија и сите драги луѓе“, носталгично напиша Маја Вукичевиќ на својот 52-ри роденден, кој го слави во прегратка со синот Гораст.
„Ослабев 16 килограми за речиси 5 месеци и изградив природна, мускулеста фигура. Сега знаете зошто тренирам толку напорно. Франц ти благодарам што веруваше во мене“, напиша Ема, која е во брак со Франц од 2014 година, а со ќерките Мелоди и Мона живеат во САД.
Дедо Киро од кривопаланечко служел воен рок во ЈНА, каде што бил дел од Титовата гарда, се истакнал со дисциплина и посветеност, а бил одликуван со медал за одличен стрелец. Денес, тој е горд татко на 4 синови, кои ги добил со саканата Добрила која починала на 57-годишна возраст во 1994 година.
На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот повторно" кој го организирам воден од лична идеа и инспирација со...
Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читателка Ане Апостолоска, која низ „своите розови очила“ на совршен начин ни ја доловува атмосферата од Градскиот парк во Скопје.
Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите, откако со месеци по раѓањето го држеше во тајност лицето на својот син Марко (1), кој го доби со Сава Грачанин од Валандово.
Крива Паланка е дефинитивно градот кој е најубаво украсен – освен новогодишни, сега имаат и велигденски и пролетни декорации низ градот. Светлечки украси, зајчиња, јајца... вистинска магија.
Дац за саканата Весна вели дека чувствува љубов од која буквално ти се превртува во стомакот. За неа вели: „Таа е целиот мој живот и таа е жената која точно се вклопи во моето сè“, а сега со уште поромантични зборови ѝ се обрати за роденденот.
Замислете сончев ден и вие на „lazy bag“ пиете кафе или аперол покрај Охридското Езеро... Звучи совршено, зарем не? Глетката е исто толку магична и во Градскиот парк во Скопје.
„Етеее и мекиците за внукот Михаил биднаа! Станав дедо... На секого му посакувам да си дочека ваква радост!“, сподели актерот Владо Јовановски, кој се весели со синот Григор, а снаата ја нарекува принцеза.
„Мамо, го ценам секое твое: ,Како си', Гладна ли си', ,Како помина на работа', ,Нека не допира до тебе тоа'...“, ѝ посвети емотивна објава на мајка си Александра и ги потсети сите кои ги имаат своите мајки до себе да бидат благодарни за тоа.
Позира на Амалфи, се вози со раскошни автомобили и секаде е во одела... Моно Алекс сака да ги „покаже“ парите на Инстаграм и да води хедонистички стил на живот.
Бока Конга чука на конгите, а Србинките го гледаат со подотворени усти... Низа вакви видеа вирално се шират, а тој по интензивните настапи во Белград, покажа во каков луксуз се релаксира со миленикот, па со косење трева и вежбање на отворено. Марјана Станојковска покажа дека може да го носи епитетот „најтесен струк на нашата сцена“, а сестрите актерки Ана и Јана Стојановски позираа заедно во прегратка.
„По 6-часовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2.5kg и по 11 дена поминати на ЕСМО (машина што ги заменува срцето и белите дробови), денес, за првпат во Македонија, детето е успешно одвоено од машината, напиша детскиот кардиохирург, д-р Владимир Чадиковски.
„Жените се срамат да зборуваат за некои од тие работи, не знам зошто. Ние со колешките на работа постојано ‘го вртиме’ тој еден ист муабет и си кажуваме работи кои ни се случуваат. И друго е кога жената е спремна на сето тоа, на сите промени, ќе си го врзе во главчето и ќе знае што ја очекува“, вели Маја Гроздановска Панчева.
Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелеска, електро инженер, по 4 години врска, на патување во Италија. „Беше во магичната атмосфера на Villa del Balbianello“, велат тие за CRNOBELO.com.
„Обожавам парфеми и често ги менувам, ама во последно време апсолутен фаворит ми е Dior J’adore. Го користам по препорака на мајка ми која го користела кога била помлада“, вели Ева Јовановска за CRNOBELO.com. Кои се омилените парфеми на дел од македонските инфлуенсери?