Со бакнеж покрај брегот на Охридското Езеро, познатиот турски пар Џеди Осман и Ебру Шахин и официјално стапија во брак, една недела пред да направат голема свадбена церемонија во Измир, Турција, каде се запознале.
Ања Ветерова и Антониа Гиговска позираат во полутанга бикини, јутјуберот Стефонотар на одмор на Лефкада, Елена Ристеска во одлично модно издание во Херцег Нови, а Перо Антиќ со српскиот пејач Никола Роквиќ на плажа во Грција, Роквиќ сподели фотографија со Перо со опис „Брат“.
На денот на венчавката, Ана Стојанова објави фотка како прима инфузија, а неколку часа подоцна, заблеска во уникатна венчаница со висок шлиц која го истакнува нејзиното фит тело и ја круниса љубовта со својот избраник Кирил во вила во Охрид.
Со 20-минутно возење со чамец ќе стигнете до една од најголемите атракции во Македонија... Пештерата Врело е неверојатно доживување, а кањонот Матка навистина е наше непроценливо богатство.
Маја Кикириткова со нејзината ќерка Ева и синот Лазар позираа на зајдисонце на плажа во Грција во аутфити во тон. Како ви се допаѓа трендот на модно усогласени мајки и деца?
„И не се радувам само за изгледот. Тоа е најнебитно во овој случај. На секое поле се подобрив...“, раскажува јутјуберот Стефан Лазаров за 4 ипол месечниот процес на трансформација.
Спектакуларно зајдисонце, многу цвеќе и звукот на бранчињата од Охридското Езеро... Овој ресторан во близина на Охрид ќе ви го освои срцето инстантно.
По одморот на Малдиви, нашата некогаш најпозната „метео“ девојка со саканиот ужива на одмор на островот Крк.
Нашата прва дама направи моден погодок на средбата со кралицата Летиција од Шпанија – која со право ја носи титулата модна икона. Со непогрешливиот моден стил многумина ја споредуваат со Меланија Трамп.
Со шарени балони и колачиња со „Прасето Пепа“, малата модна инфлуенсерка Фрида го славеше својот 3-ти роденден.
„Уште еден магичен танц од соништата, посветен на прекрасните младенци Душица и Игор во прекрасен амбиент, преполн љубов...“, напиша Илма Карахмет која беше задолжена за првиот свадбен танц на парот.
Сара Мејс влезе во деветтиот месец од бременоста и со видео прикажа како ѝ мрда стомакот, додека бебето клоца, а нејзината ќеркичка Илина му се радува. Водителката Елена Стефановска е на момински викенд со пријателките во Грција, пред свадбата, а јутјуберот Стефан Лазаров позира со поубавата половина.
Со декорации во земјени тонови, совршени украси и летна атмосфера со бикини и капење, Зои ужива со моминската забава со пријателките, пред свадбата со словенечкиот ракометар Тадеј.
„Пред една година си го скршив свршеничкиот прстен и бев многу разочарана и оттогаш ја носам само бурмата, зборувавме со мојот сопруг да го поправиме/замениме прстенот. Па, на мое изненадување среде хаосот во изминатите неколку месеци (сепса при породување) тој сам го направил за да ме изненади...“, раскажува Снежана Маркоски, односно Снежана Вуд за изненадувањето од сопругот.
„Одлучивме да направиме скромна забава. Кога почнавме со самата организација за свадба сакавме да направиме нешто поразлично од класична свадба со прием на букети, подароци...“, ја почнуваат својата приказна Мики Димов (29) од Гевгелија и Марина Димова (28) од Скопје за CRNOBELO.com.
„Алексеј заврши трето одделение во нижото музичко Тоше Проески Битола, а свири гитара и пее од негова најмала возраст“ - вели за CRNOBELO.com мајката на 10-годишниот битолчанец кој ја воодушеви публиката со ангелскиот глас и изведбата на „Црно и Бело“ од Калиопи на фестивалот „Мали Ангели“ Прилеп.
„Уште во првиот фустан што го пробав, се чувствував своја и веднаш донесов одлука да биде тој. Сакав краток фустан за да се чувствувам пријатно и да бидам тоа што сум...“, раскажува Леа Ивановиќ (30) за CRNOBELO.com.
„Среќен роденден тати, те сакаме!“, гласи описот на фотките кои ги објави Тамара Чуприна. Фудбалерот ужива во одморот со сопругата и синот Ведран.