„Новокомпонираната музика мачна ми е за слушање не само поради вулгарните, прости строфи и рефрени („Гинем, гинем да ти скинем хаљину што шушти..."), туку и поради мрачните, депресивни „жалопојки", гнев и бес, или пак патетични „хвалопојки“, самобендисани рефрени во стилот ,,Не може нам нико ништа јачи смо од судбине"...“, вели Татјана Алексиќ од Скопје, професорка по македонски јазик.
Даниел Кајмакоски секогаш нагласува колку за него е важно семејството и изгледа со втората сопруга Марина го пронајде својот мир и среќа. Парот замина на море, а Даниел откри дека ова е прва средба со морето на неговиот 2-годишен син Стефан.
„Ве молам прочитајте внимателно! Се обраќам до сите вас не само како уметник што работи со епоксидна смола, туку и како човек што чувствува одговорност да предупреди. Во последно време слушам дека биле одржани работилници за деца каде се користи епоксидна смола. Ова ме загрижи длабоко, па чувствувам потреба да објаснам зошто ова не само што е несоодветно, туку и опасно...“, вели уметникот Елена Арсовска.
Мартија блесна во црвена креација - широко здолниште и топ со длабоко деколте. Изгледот го дополни со минималистички накит, а косата ѝ беше собрана во пунџа.
„Во стабилен брак сум 8 години, никогаш не сакав да се омажам ради-реда само зашто луѓето прашуваат“ – вели Каролина во српска емисија за сопругот Михаил, а во гостувањето зборуваше и за дружбите со Тоше, па акапела ја отпеа неговата „Тајно моја“ – изведба која ќе ве наежи.
„Запросувањето се случи уште првиот ден, штом стигнавме во Рио. Бевме на плажата Barra da Tijuca, една од најубавите во градот, со златен песок, бранови и неверојатните зајдисонца. А таму имаше огромно срце од бели рози, свеќи, латици и вино - како сцена од филм“, вели Ангела за романтичното запросување во Бразил.
„Во последно време сè повеќе македонски изведувачи настапуваат низ Германија, некогаш самите организатори на забавите ме контактираат, а со некои контактирам директно на социјалните мрежи“, вели Николче Талевски од Демир Хисар за CRNOBELO.com.
Ракометната легенда, Кире Лазаров, кој скоро никогаш не споделува приватни фотографии во јавноста, на Инстаграм Стори, објави фотка од синот матурант и покажа колку се гордее со него.
„Не сум разочарана, напротив, чувствувам благодарност што бев дел од нешто толку значајно и што имав можност да ја претставувам својата земја“ - вели Чарна Невзати за CRNOBELO.com, која иако не влезе во топ 40, доби огромна поддршка од македонската јавност.
Адам Лабунски позира на прослава со 6-месечната ќеркичка во раце, а нашиот оперски пејач Иван Наумовски открива како му изгледа секојдневието. Антониа Гиговска зрачи со сексапил во нова фотосесија, а Сашко Коцев поради работни ангажмани ја посети нашата прекрасна Струга.
„40-та ја дочекав на една од најубавите локации во Македонија, на Козјак, со моите луѓе, мојата фамилија, пријатели, мојот бенд, тим и со најверната публика. Благодарна сум на сите што ве имам и сте дел од мојот живот“ - напиша Тамара.
Секојдневно ги слушате на радио и се „дружите“ со нив. Но, покрај тоа што им го препознавате гласот, дали знаете кои се нивните поубави или посилни половини? Ова се партнерите на македонските радио водители...
„Морам да напомнам дека беше доста храбро од негова страна, пред толкава толпа луѓе, доста мангупски, старобитолски – со стил, но и романтично, искрено, со многу солзи радосници“...
„Нема да заборавам никогаш колку дружби имаше некогаш. Ова е слика од мојата некогашна детска соба, а во неа едно убаво друштво“ - напиша пејачката и сподели фотка стара околу 20 години.
Во стилот на ненадминливата Одри Хепберн, со тијара на главата, црни очила и ракавици до над лактите, нашата згодна новинарка Алмедина Исмајли сама си го честита роденденот.
„Ѓубре на секој ќош... Оланна е навикната и да легне на земја во Осло од што е толку чисто, а тука се плашам и тревата да ја допре. Не сум од тие што се жалат на Инстаграм, ама после 20 дена во Скопје со две деца, почнав да гледам работи што не можев да не ги видам“ - вели Ана Најдовска која живее во Осло, а моментално е во Скопје со семејството.
Кул мајката која си ги вози децата низ Скопје на скутер со приколка, но и на мотоцикл и шири позитивна енергија е поранешната ракометарка Ина Суслина, која за CRNOBELO.com вели: „Со сопругот сме фанатици на мотоцикли и скутери и имаме голема колекција, а жолтиот минион со приколка е безбеден и практичен начин за возење со децата - уживаме“.
Откако минатиот викенд направија мала, но раскошна свадба на Халкидики, Љупка Митрова и нејзиниот сопруг Георги, заминаа на меден месец во еден од најмонденските градови на француската ривиера.