Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Опинци


Цели опинци во сонот симболизираат грижи, проблеми; искинати: болест; нови: радост; ако имате опинци на нозе, ако те облечени во опинци значи дека ќе бидете среќни.

Опиум

Ако видите опиум во сон значи дека ви претстои несреќа; ако уживате во опиум предупредува на сериозна болест, губење на угледот.

Опколување

Ако сонувате дека сте опколиле некого ве предупредува да не се занимавате со сомнителна деловна активност.

Опомена

Ако сонувате дека сте добиле прекор значи дека ќе го заслужите на јаве.

Орање

Орање во сон значи добар знак за сè што започнувате.

Оргии

Ако сонувате оргија тоа симболизира неисполнети желби.

Оргули

Оргулите во сонот симболизираат здравје, радост, среќа на јаве.

Орев

Ако јадете во сон укажува на минливи несогласувања, кавги, инает; ако го видите симболизира ненадејна радост; трескање - кршење предупредува дека некој ќе ве измами.

Орел

Ако го видите во вашата куќа: зголемување на имотот, богатството, ќе бидете ценети од околината; ако го фатите: тага, лутина; ако го убиете: ќе претрпите одредена штета; ако лета: углед, богатство; ако го видите во шумата меѓу дрвјата: срам, загуба, болест.

Оригано

Доколку во сон видите оригано, потсвеста ве предупредува дека губите време на работи што никогаш нема да ви го дадат она што го сакате.

Ориз

Ако видите: зголемување на средствата; ако јадете: здравје и долг живот; ако купите: кавга, тешкотија, загуба; ако готвите: благосостојба, здравје.

Орман

Полн орман симболизира благосостојба; празен предупредува дека ве очекува кражба или некоја штета; мал означува долг живот; нов значи дека сте наивни.

Оружје

Ако видите оружје во вашиот сон, предупредува дека во реалноста ве чекаат кавги, проблеми, несреќи, стравови.

Оса

Ако видите: потребна ви е претпазливост за да успеете во нешто; ако убиете: загуба, несреќа на повидок; ако ве прободе: вознемирувачка вест.

Ослепување

Ако ослепите во сон предупредува на зло, неволји, проблеми што ќе ви се случат на јаве.

Осрамотени

Ако се ​​посрамите во сон значи дека вашата тајна ќе се открие на јаве.

Острење

Ако острите нешто во сон симболизира грижи, неволји, проблеми на јаве.

Остриги

Кога сонувате школки предупредува дека трошите премногу.

Остров

Карпест, сив остров значи дека ќе изгубите љубовник, љубовни кавги, патувања; зелен, пошумен остров значи дека се соочувате со неочекувана радост.

Отказ

Ако сонувате дека сте отпуштени од работа предупредува дека ќе се најдете во неволја.

Отров

Ако видите: болест без последици; ако отруете некого: пријателот ќе ве засрами; ако бидете отруени: губење на имот или пријатели, ве краде некој; ако се отруете самите себе си: не очекувајте благодарност.

Оќелавување

Ако сте ќелав во сон, тоа значи грижи. 

Оцет

Ако пиете оцет во вашите соништа предупредува на болест, разочарување, ако гледате, купувате оцет укажува на тоа дека ќе чуете непријатни вести.

Очекување

Ако сонувате дека очекувате нешто значи дека ве очекуваат деловни грижи, финансиски загуби.

Очи

Сини: голема љубов; црни: бидете внимателни и претпазливи кога е во прашање љубовта; болни очи: вардете се од пријатели; кафеави: некој те сака; урокливи: некои луѓе ќе ве измамат на подмолен начин; зелени очи: каприциозна љубов; строги: ќе доживеете понижување; ако ги изгубите очите: вашиот пријател е во опасност.

Очила

Носење: ќе дочекаш длабока старост; кршење: ќе претрпиш штета, срам; губење: внимавај на патот; купување: штета поради брзоплетост.

Очув

Очув во сон значи дека ќе паднете во сериозни долгови на јаве.

Оџак

Ако сонувате оџак без чад тоа предупредува дека ве очекува сиромаштија; оџак со чад симболизира добра служба, успех; оџак со пламен значи дека ве чека добивка, благосостојба.

Оџачар

Да бидете оџачар на сон симболизира пожар во куќата, важни вести; ако го видите значи дека ќе се ослободите од неправедното осомничување.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg