7 работи кои треба да ги знаете за неговата машкост

7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-negovata-maskost-povekjeПроблемите, или проблемчињата кои можат да се јават под покривачот се во врска со нерешени ситуации далеку од вашата спална соба. Но, некои...


...од нив се создаваат поради недоволното познавање на неговата машкост.

Затоа ве потсетуваме на неколку познати информации за кои можеби сте заборавиле.

 1. Просечната должина е 13 до 17 сантиметри

7-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-negovata-maskost

Дали мојот пенис е доволно голем? Ова прашање ги опседнува мажите отсекогаш, па затоа и довело до пресметување на просекот. Со темелно спроведени истражувања дојдено е до заклучок дека просечната величина на машкиот полов орган е 13  до 17 сантиметри при ерекција и 7,5 до 10 сантиметри кога не е во ерекција.

2. Големината не е важна

Навистина, дали е важна големината? Женскиот оргазам во најголема мера зависи од стимулацијата на клиторисот, па од таму доаѓаме до заклучок дека важни се движењата на мажот, а не должината на пенисот. Сепак, ако помалиот пенис го сметате за проблем, обидете се со разни секси додатоци како што е прстен за стимулација кој ќе ја зголеми чувствителноста.

3. Утринска ерекција

Колку и да мислат жените дека мажите се будат со ерекција затоа што тие спијат покрај нив, утринската ерекција е само последица на сонот. За време на сонот, невролошката активност и ослободувањето на хормонот тестостерон, создаваат ерекција. Во просек мажите имаат три до пет ерекции во текот на нормален сон, а ние ја гледаме само утринската.

4. Внимание! Кршливо!

Иако пенисот нема коски, еректилното тело кое се исполнува со крв во текот на ерекцијата е од сврзно ткиво, па ако пенисот нагло се свитка, ткивото може да пукне што за мажот може да биде многу непријатно и болно искуство.

5. Неговите тестиси нема да пукнат ако не ејакулира

Лекарите ја откриле правата вистина за популарниот мит со кој мажите наговараат на секс. Тестисите можат да се прошират за 25 до 50% за време на возбудувањето. Апстиненцијата од ејакулирање доведува до насобирање на крв, па мажите можат да почувствуваат лесна болка, а тестисите може малку и да помодрат. Единствено што може во тој случај да биде повредено е машката гордост.

6. Не се стврднал? Не сте вие виновни.

Пореметувањата на ерекцијата се случуваат најчесто поради начинот на кој мажите се однесуваат кон своето тело. Пушењето ги стеснува крвните садови во пенисот, кои и онака се тесни. Бидејќи ерекцијата зависи од непречениот проток на крв во пенисот, било какво стеснување ја намалува цврстината. И алкохолот ја намалува можноста з апостигнување ерекција. Повремените проблеми не мора да ве загрижуваат, но ако на партнерот тоа почесто му се случува, веднаш треба да се консултира со лекар.

7. Проблеми со предвремена ејакулација

Се смета дека околу 30% од мажите имаат проблем со предвремената ејакулација. Тоа не значи дека не можете да уживате во амратонскиот секс со својот партнер, само бидете трпеливи. Обидете се да го продолжите односот со методата на „ладење“. Кога ќе почувствувате дека се „возбудил, прекинете ја играта, малку да се „олади“, потоа почнете од почеток. Друга метода е мазење без однос. Така ќе научи како подолго да ја задржи ерекцијата.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
„Водопад“ - секс поза за партнерите кои сакаат да експериментираат (18+) Дали сте ја пробале позата „водопад“? Таа е една од илјадниците секс пози на Кам...
Најголеми грешки што ги прават партнерите по разводот, според адвокатка на славни личности Ким Кардашијан, Бритни Спирс, Аријана Гранде, Анџелина Џоли, Џони Деп, се дел од...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Прашувам за пријател: „Имам слаб оргазам, речиси не го чувствувам, што не е во ред со мене?“ (18+) „Во јавноста се создава нереална слика за оргазмите, па затоа се нереални и очек...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Успехот нема врска со она што го добиваме или го постигнуваме во животот за себе. Успех е она што го правиме за другите.
Дени Томас