Зошто ја сакате пролетта?

zosto-ja-sakate-proletta-povekjeПролетта започна. На многумина – омилено годишно време. Пролетта носи оптимизам, ја буди природата, сонцето ќе го гледаме почесто.

 

Постојат многу нешта кои можете да ги сакате кај пролетта, а ова се само неколку од причините:

zosto-ja-sakate-proletta

1. Потопло време. Чувството на сонцето кое ве гали по лицето, можноста повеќе да шетате, поведро расположение, повеќе енергија...Сето ова е добредојдено после зимата која годинава добро се покажа.

2. Нова сезона. Во пролетта започнува новиот природен циклус. Време е и вие да се разбудите од зимскиот сон.

3. Цвеќиња. Цвеќето додава убавина на секој ентериер и екстериер. Природата изгледа прекрасно расцветано, свежо, бујно.

4. Посветли бои. Со првите зраци на пролетта можете да почнете да уживате во потенката и посветла гардероба.

5. Подолги денови. Денот ќе станува се подолг, а ноќите пократки.

6. Уживајте под ведро небо. Конечно може да уживате надвор на воздух наместо да се движите само во затворени загушливи простории.

7. Оптимизам. Пролетта го буди и оптимизмот кај луѓето. Расте ентузијазмот и енергијата.

Споделете со нас, зошто вие ја сакате пролетта?

Би можело да ве интересира:

5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Најпознати турски суеверија – Колку се слични со македонските? Што значи ако ви свират ушите, зошто не треба да ги сечете ноктите навечер или к...
Луѓе споделуваат кој е најлошиот (и најсмешниот) роденденски подарок што го добиле „Татко ми ги одведе моите 3 помали браќа на спортски натпревар на мојот 21-ви ро...
Милиони рози, фустани вредни илјадници евра: Деталите за најскапите свадби на светот Венчаници кои чинат цело богатство, прослава на крузер, илјадници гости - ова се...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
Пар со „волшебна“ напивка и тематска забава во стилот на „Хари Потер“ го откри полот на бебето (виде... „Ова е генијално. Никогаш не сум видела подобро откривање на пол на бебе. Толку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Можеш да имаш сè што ќе посакаш ако го посакуваш тоа доволно силно. Мораш да го посакуваш тоа со ентузијазам што се пробива низ кожата и се спојува со енергијата што го создала светот.
Шила Греам