Марихуана: ефекти и последици

vlijanieto-na-marihuanata-povekjeИ покрај легализацијата на марихуаната во голем број земји од светот, факт е дека користењето на оваа дрога може да предизвика различни проблеми...

 

...со здравјето. Марихуаната важи за една од најкористените дроги на светот. Ефектот започнува речиси веднаш и може да трае од 1 до 3 часа (во зависност од испушената количина).

Кога се зема во колачиња (muffins, cookies) потребно е подолго време за да се појават ефектите – но, најчесто трае подолго.

vlijanieto-na-marihuanata-1

Краткорочните ефекти од користење марихуана се:

  • Нарушена перцепција
  • Проблеми со меморијата и учењето
  • Намалена способност за координација
  • Проблеми со размислувањето и решавање на проблемите
  • Забрзано чукање на срцето и проблеми со крвниот притисок.

Понекогаш марихуаната може да предизвика нервоза, стравови, недоверба и панични напади.

1. Ефекти врз мозокот. Кога станувате подолгорочен корисник на марихуна може да се соочите со:

  • Халуцинации
  • Дезориентација
  • Нарушена меморија
  • Илузии

2. Ефекти на срцето. Неколку минути по пушење на марихуаната, срцето започнува забрзано да чука и крвниот притисок опаѓа.

vlijanieto-na-marihuanata-2Марихуаната може да го забрза отчукувањето на срцето за 20 до 50 пати во минута, а доколку истовремено се земаат и други дроги дури и повеќе.

Заради намалениот крвен притисок и зголемената брзина на отчукување на срцето, истражувачите дошле до заклучок дека кај корисниците на марихуана ризикот за срцев удар е 4 пати поголем.

3. Ефекти на белите дробови. Пушењето марихуана може да предизвика трнење и сушење на устата и грлото како потешка кашлица.

Научниците покажеле дека оние кои редовно пушат марихуана можат да имаат исти респираторни проблеми како и пушачите на цигари вклучувајќи:

  • Дневна кашлица
  • Зачестени акутни болки во градите
  • Зголемен ризик од инфекции на белите дробови
  • Потешкотии во дишењето

Марихуаната содржи повеќе канцерогени состојки од тутунот, а бидејќи најчесто димот се задржува подолго и се вдишува подлабоко, белите дробови на пушачите на марихуаната се поизложени на канцерогени заболувања.

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Другарите на син ми го навредуваат и повредуваат, не сака да оди ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Зошто растат влакна на бенките и дали е опасно да ги отстраните? Како на другите делови од телото, влакната се нормална појава и на бенките. Тие ...
Паркинсонова болест - симптоми, лекување и како да живеете со неа? Знаци на Паркинсонова болест се обично вкочанетост и побавни движења, а состојба...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар Многу силна главоболка која се појавила одеднаш, како и силна треска со температ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Си го достигнал врвот на успехот тогаш кога повеќе нема да те интересираат парите, комплиментите или публицитетот.
Томас Волф (1900-1938)