Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот се поместува еден час напред, а трае до последниот викенд од октомври.
„Бебето мое“, напиша пејачката Барбара Поповиќ, една од најдобрите другарки на Иван, а која беше на роденденската забава на малата Ниа.
„Во очи на мојот 40-ти роденден размислувам за животот и навистина постигнав многу. Левото рамо секојдневно ме боли, имам жуљ на десната нога, имам астма, социјално сум анксиозен, не сакам да патувам, 2- 3 дена во неделата сум депресивен, пред да врне не знам кај сум - нит кој сум“, вели режисерот и сценарист Илија Каров.
„Официјално си уште една година постара… ама не се секирај - за мене си секогаш најубавата“, напиша шеф Никола во интересната роденденска честитка до сопругата Стефанија.
Сопругата на Атанас Атанасовски, Александра, позира во своите кул скијачки стајлинзи со плетенки и пунџи, а скришно го фотка сопругот додека јаде или одмара во бачило – парот ужива во последните снежни спуштања сезонава, откако претходно беа на скијање и со децата.
„Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот суперхерој ЈОВАН храбро ја помина и ја освои тешката битка“ - напишаа од Детска клиника во Скопје и објавија видео од младиот суперхерој Јован. Ни требаат повеќе вакви радосни вести.
„Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден после 11, не готвиш на тераса, не стенкаш како да те колат... И најважно, тоа што си дома - не значи дека кај тебе дома можеш да правиш што сакаш“, вели Ина МногуФина во нејзината вирална објава.
„Се собираат 40 каменчиња, едно по едно, 39 се фрлаат во реката Брегалница, се фрлаат од Исарот, а едно се зема со себе и се става под перница. Се верува дека ќе го сонуваш својот животен сопатник. Мајка ми и снаа ми се жив пример дека ги сонувале татко ми и брат ми“, вели Маја Кикириткова за CRNOBELO.com.
„Сите сеќавања со Маринко ми се поврзани и со тебе Огњен. Ќе ме соберевте од аеродром и ќе отидевме некаде до наутро, такви беа проводите со вас. Секогаш се глупиравме, јас бев сериозна, ама вие од мене го вадевте најлошото, многу се дружевме“ – вели Каролина во емисијата на Амиџиќ, во која повторно модно издоминира.
„Беше прекрасно да се видат и млади девојки облечени во народни носии, кои со своите мајки и баби презентираа зелници од својот крај“, вели Викторија Спенџарска од Берово, која со двете ќерки се пресели во Пробиштип во име на љубовта.
„Ред солзи, ред мрсули, ама и ред насмевки! Знаев од старт дека силно ќе се држите, а тек во Тара не се посомневав ни една милисекунда. Сила сте, голема и јака до вселената! Многу научивме од вас...“, вели Сандра Кирков, најдобрата другарка на Христина Пан, по нејзината јавна исповед.
„Славам роденден затоа што денес не славам само уште една година живот, туку славам 5 години победа. 5 години откако му реков НЕ на канцерот. И денес… имам уште поголема причина да се борам. Мојот Роман. Ако нешто посакувам денес, тоа не е за мене. Не е здравје за мене, не се желби за мене… Посакувам негова победа“, емотивно вели хероината од реалноста Ивана Лескароски од Охрид.
„Ништо веќе не е исто, сè е сменето за Јоана и мене тука во Еквадор, куќата е празна, мрачно е... Само дрвото е останато исто - живо, големо, зелено“, вели Гордана Деан Поп Христова и објави фотка од Кили.
„Морам да ги допрам, морам да зборувам побавно, бидејќи читаат од уста. Во детството ми беше поразлично, размислував како на другите така сè им е лесно. Имаат со кого да разговараат, да им помогнат за некои работи“, искрено вели Дани Димитровска.
„Бевме на редовен преглед кај матичната, како што ги прегледуваат бебињата... Ја легна под јако светло и јас гледам и викам: „Еј, што ѝ е оваа црвена точка?“ А, таа вика: „Се гребнала нешто...“ Но, таа точка да се проширува и буквално цело око да ѝ станува крваво“, вели Христина Младенов за ќерка си Тара.
Со капчиња во тон, Дејан Манасков и убавата Билјана Стојановска го шетаат својот син Давид. „Прва пролетна прошетка“, напиша Билјана.
„Само што се вратив од суд, дечкото кој ме удри, сега има 20 години, а притоа, нема возачка дозвола и е пожарникар. Вработен пожарникар кој не застана да пружи помош. Ја призна вината но во неговиот говор и однесување не се чувствуваше тоа“ - вели Маја Кикириткова за минатогодишната сообраќајка во Скопје, во која заврши со неколку повреди.
„Некои работи стануваат подобри со времето. Ја славам жената што станав и магијата која допрва доаѓа“, напиша Калтрина на роденденските фотки, а на кои блеска.