„Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. Вистината за миграција на истите и лице како касано од оси е точна. Јас лично не ги користам. Користам само скин бустери и ботокс“, вели Миа Костова и споделува низа детали околу својот изглед.
Девојка од Скопје си ја изгуби алката, за која е емотивно врзана затоа што на неа има отпечатоци од нејзините родители, и потоа со денови очајно ја бараше. Но, хуман пронаоѓач и ја врати. Сега, Шијакоска инспирирана од неа откри дека си направила ваква алка и уште еднаш на пиедестал ја стави љубовта кон семејството и вистинските морални вредности.
„Секоја жена е иста пред законот, но кај нас не е. Росица пријавувала 7 пати дека е жртва на насилство, физичко и психичко, и никој не ја заштитил. Жал ми е што не се обратила до нас медиумите да ја сподели нејзината мака, оти очигледно само така им се слуша гласот на жртвите - граѓани без функција“, вели новинарката Снежана Лупевска.
„Ќе правам целосна лабораторија за тироидната (контролна за да видам што до каде дошло бидејќи дозата ми ја сменија во јули). Во Шведска ако испитуваш нешто преку крвта, не треба да јадеш 12 часа пред тоа. И јас го прашав ChatGPT дали треба така, затоа што кај нас во Македонија никогаш не ми го кажале тоа, и ChatGPT кажа да“, вели Марија Илиев од Штип, позната како Марис.
„Не сретнав човек или, пак, бев премлада кога имав добри врски. Кога требаше, не сретнав човек со кого што ќе сакав да имам дете, сите години во Виена, во Лондон, во Париз бев претежно сама и кога го сретнав човекот за кого што зборував веќе беше доцна...“, вели Татјана Џамбазова во подкастот на Стефан Лазаров.
„Како татко на син, сметам дека нашите синови треба да ги научиме дека една жена има право да каже „не“, има право да не нè сака, има право да се оддалечи и тоа треба да го прифатиме како сосема нормално. Дека посесивноста и љубомората се форми на болест, а не љубов...“, испраќа порака Андреа Јанков.
Дани објави фотографии на кои во бели панталони блеска покрај својот избраник, некогашниот кошаркар Горан Веселиновски, во друштво на нејзиниот син и неговата ќерка.
Татјана Лазаревска со сопругот Новица и синовите ужива еден месец во Македонија, откако дојдоа на посета од Австралија, Антониа Гиговска привлекува внимание во специфичен аутфит, а Сузана Гавазова снима танцувачки ТикТок видеа.
„Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше да биде вака колеги мои... Засекогаш ќе ве носам во моето срце!“, напиша Горан Тонев, кој ја преживеа кобната ноќ во Кочани и 2 месеца се лекуваше во болница во Солун.
„Бев вклучена во секој чекор од декорацијата, па покрај тоа што имаше луѓе што си ја вршат таа задача, јас сепак сама изработив и картички, декор на свеќички за пред секој гостин, мени карта... И тортата беше со бисери и големи цветови, како целата декорација“, вели Јована од Свети Николе за свадбата со саканиот Петар.
Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, која преживеа силна траума на кобната ноќ во Кочани, преку фотографии се потсети на убавите времиња со Панчо, Сара, Андреј, Буцо и останатите членови на бендот.
„Бескрајно лето. Се чувствував како летото да ме обзема“ - напиша Вера Мештеровиќ и објави неколку фотографии во бикини.
„Jaс сум само дете, сакам да дишам, сакам спорт, а мириса на СМРТ! Ние децата не сме виновни, вие сте! Сакам да растам покрај баба и дедо, а овде веќе нема живот. Што е потребно за да се освестите? Ни овозможивте детство што мириса на отров“, испраќа моќна порака 12-годишната Евгенија од Скопје.
„Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, но на најомразениот, онојшто порано го преминував секој ден и душа ми вадеше, видов пешачки претворен во сцена, и девојка која ми подари и едно ливче со порака, ме трогна...“, вели Јасна Шоптрајанова и нè потсетува и на убавата страна на животот во Скопје
„Не отворив ниту врата, ниту прозорец цел ден затоа што на скоро 25 дена пред закажана операцијата чувствувам мирис и смрдеа.... Почнав да се гушам при најмалото отворање на прозорец на три секунди“, вели Весна Петрушевска. „Магариња на куп. Тоа сме. Магариња што веруваат во случајни пожари и запалени депонии во 20 дена“, пишува Миа Костова.
Наташа Петровска, која важи за една од најзгодните Македонки, веќе неколку дена се забавува на летувањето на Миконос...
„Понекогаш сакам да бидам облечен како локалците“ - напиша Златко на Инстаграм и сподели фотки и видеа во традиционална долга облека, во вид на машки фустан.
„Операцијата помина успешно. Не сакам ни да помислам што ќе се случеше ако тогаш навистина се качев на едрилица, на сред море…“, вели Ана Стојанова и објави ново видео од болница.