Буква О - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Обетки


Носење: ќе дознаеш нечија тајна; гледање: нови љубовни врски.

Облакодер

Ако сонувате облакодер, тоа значи големи амбиции во реалноста.

Облаци

Големите, црни облаци во сон предупредуваат на несреќа, расправија, додека малите белузлави облаци ја симболизираат среќата, душевниот мир.

Облека

Доколку во сон гледате облека, тоа подразбира дека не сакате да се врзете. 

Облекување

Ако сонувате дека се облекувате предупредува дека вашата тајна ќе биде откриена; ако облекувате некого значи дека ќе на помогнете на некоја личност што не го заслужува тоа; ако ги облекувате децата во сон значи дека ви претстојат денови исполнети со радост и среќа.

Облекувате костим

Ако облекувате нов костим во сон значи дека некој ве озборува; ако носите искинат, стар костим значи дека треба се биде поскромен во желбите; ако некому облекувате костим значи добивка.

Облог (опклада)

Ако сонувате опклада предупредува на штета, не ризикувајте.

Обувки

Нови обувки во сон симболизираат добра вест; искинати обувки предупредуваат дека ќе добиете соперник/соперничка во љубовта.

Овен

Ако видите овен во сон предупредува дека жената ќе ве напушти или ќе ве предаде, тврдоглавост; колење на овен означува тага во куќата.

Овошје

Ако го берете и јадете веднаш: пукате од еротика, постапувајте како што сметате дека треба; на дрво: добри изгледи за работа; на земја под дрво: неволја, несреќа; во корпа: напредок во работата, радост; ако го тресете од дрвото: соседите се добри луѓе, имате премногу нерешени проблеми; ако гледате: нешто убаво ве чека.

Овци

На пасиште: напредок, здравје, среќа во љубовта, драги гости; колење овци во сон симболизира сиромаштија, семејни расправии; стрижење на овци предупредува на несреќа.

Овчар

Ако видите овчар на сон тоа значи тага, солзи, загуба на честа, каење на јаве. 

Оган

Симпатија која не сте во состојба да ја признаете; ако ложите: љубовен успех, нови пријатели, вашата енергија е на завидно ниво; ако гаснете: откажете се од предвидената работа; со многу чад: неуспех во работењето, штета од пожар; голем оган: несреќа, тага; мал: лутина; со многу голем жар: радост; со голем пламен: вашите планови ќе бидат исполнети; искри ако скокаат од оган: добивка; ако запалите оган: кавга, каење.

Оглас

Ако сонувате дека читате оглас симболизира радост и среќа во реалноста.

Огледало

Ако се огледувате во огледало: ви претстојат некои непријатности во блиска иднина, за некои тоа значи брак; ако го скршите огледалото: многу желби ќе останат неисполнети, претпазливост; скршено огледало: несреќа, болест.

Огниште

Ако видите огниште во сонот тоа симболизира пријатна посета, наскоро ќе стапите во брак.

Огномет

Ако сонувате огномет значи дека ве чека радосно изненадување во кругот на семејството.

Одбројување

Веројатно се наоѓате на некоја пресвртница и потребно е да одлучите што и како понатаму.

Одело

Ако носите, видите, купувате, облекувате - белo: среќа во љубовта и работата; новo: добивка, ќе се за заљубите; црвенo: измама, љубовни проблеми; жолтo: љубомора, измама; шаренo: непристојно однесување; темно: имате предност пред ривалот; старо или валкано: губење на угледот, болест; растргнато: ќе се срамите поради нешто; закрпено: повеќе скромност; црон: ќе се карате; премногу широко: станувате незаситни; премногу тесно: ќе се најдете во немаштија.

Одложување

Одложувањето на нешто во сон симболизира деловни проблеми во реалноста.

Одмазда

Ако сонувате дека некој ви се одмаздува предупредува на непосредна несреќа, ќе натажите некого; ако се одмаздите значи дека ќе победите во спор или судска постапка, ќе си го обелите образот.

Одмор

Ако сонувате дека сте добиле одмор симболизира весело и пријатно поминување на времето на јаве.

Одрон на патот

Ако видите одрон во сонот предупредува дека некој ќе ве клевети за нешто.

Озборување

Ако слушнете озборувања предупредува да бидете внимателни на јаве; ако озборувате некого: некој ќе ве навреди.

Озборувачка

Ако ја слушнете: некој ве озборува. Ако се расправате со неа: ве изневерува партнер или некој за кој сте убедени дека не е искрен кон вас.

Што значи да сонувате алапача или озборувачка?

Ако видите озборувач или озборувачка

Ако видите алапача на сон, тоа имплицира дека некој ве озборува.

Можно е во вашето опкружување да постои личност која ви љубомори.  

Личноста ќе се труди секогаш да ве претставува во лошо светло и да ви зарие нож во грб во секоја погодна прилика. Можно е и да ви создаде и непријатности со претпоставените поради пренесување невистинити искази.  

Ќе се чувствувате многу лошо, бидејќи за првпат се наоѓате во непријатна ситуација.  Ќе почнете да размислувате да го промените работното место, но вашето семејство и пријателите нема да ја поддржат оваа ваша замисла. Од вас ќе бараат да се изборите за себе и да покажете заби.

Ќе ја имате нивната целосна поддршка во решавање на проблемот.

Ако вие сте озборувачка или алапача на сон

Ќе се посрамите во јавност поради друг јазик.

Ако се расправате со алапача

Кога се расправате со алапача, тоа значи дека ќе чуете дека вашиот партнер ве изневерува. Можно е во последно време да постојат несогласувања помеѓу вас, бидејќи на партнерот сте му поставиле ултиматум: брак или раскинување. Веќе подолго време очекувате да ја крунисате врската, но партнерот избегнува разговор на темата за брак. Станувате се посигурни дека неговите цели се разликуваат од вашите и дека воопшто ве нема во неговите планови. Тешко ќе го поднесете тоа, а особено ќе ве повреди кога ќе слушнете дека не ви е верен.

Ќе се потрудите слушнатото да го сметате за невистинит трач, но секојдневно слушате кои јасно говорат за делото на партнерот. Семејството ви прави дополнителни проблеми, бидејќи ве предупредило каков е вашиот партнер. Ќе ви биде жал што сте влегувале во расправа со нив, но гордоста нема да ви дозволи да си ги признаете грешката и поразот.

Ако се бакнувате со алапача

Ако се бакнувате со алапача на сон, тоа значи дека ќе дознаете нечија тајна. Можно е наш пријател да ви премолчува нешто. Таа информација би можела да биде важна од причина што врз основа на тоа би знаеле како да постапите понатаму. Станува збор за приватен или деловен живот.

Ако се тепате со алапача

Сон во кој се тепате со алапача значи дека имате проблем во комуницирање со луѓето од вашето опкружување. Можеби наидувате на недоразбирање од страна на партнерот или некој член на семејството. Ќе сфатите дека крајно време е своите потреби да ги ставите пред потребите на другите, но тоа некому нема да му се допадне. Без разлика на тоа, ќе одлучите да го следите сопствениот инстинкт, без оглед на исходот.

Ако видите дека некој друг се тепа со озборувачка

Ако сонувате дека некој се тепа со алапача тоа симболизира потреба покрај себе да имате личност која ќе ви биде заштитник. Ќе се соочите со проблем кој не можете да го решите сами, а чувствувате дека немате кому да се обратите за помош.

Ако убиете алапача

Кога сонувате дека вие убивате алапача тоа значи дека ќе се ослободите од товарот кој веќе подолго време ве измачува и притоа ве спречува да водите нормален живот. Во следниот период ќе запловите во мирни води, во свет без турбуленции и стресни ситуации.

Ако на сон гледате како некој друг убива алапача, вашиот труд конечно ќе ви се исплати. Многу е голема веројатноста да добиете некое признание кое не мора да биде во вид на материјална награда. Можно е колега од работа да ви признае дека погрешно ве проценил или препознал дека сте вистинска личност за некоја значајна задача.

Ваквите сонови се проследени со чувство на бес, анксиозност или задоволство и среќа.

Ако неодамна сте се нашле во ситуација да разговарате со личност која сака да озборува или, пак, со неа сте се расправале околу некоја работа, сонот не е предмет на толкување, бидејќи впечатокот ви се пренел од јаве на сон.

Дефиниција за алапача/озборувачка 

Алапача е личност која пренесува невистини.

Оклоп (штит)

Ако сонувате оклоп укажува на неодамнешен страв во реалноста.

Олтар

За брачни парови, олтарот во сон симболизира добивка, подобрување на животот; на невенчани парови и индивидуи тоа им значи брак, веридба.

Опасност

Ако се сретнете со одредена опасност во сон предупредува на несреќа во семејството или блиската околина; да се биде во опасност означува болест, конвулзии на јаве.

Опера

Ако слушате опера во вашиот сон тоа значи дека ве очекува принова во семејството.

Операција

Ако видите операција во сонот значи дека ве чека болница на јаве; ако бидете оперирани значи дека ќе се излечите, ќе се ослободите од грижите; некому: непријатна промена.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg