Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Ако ве/сте истепал/е некој |
Сè е добро што завршува добро! |
| Ако добиете нешто | Ако сонувате дека сте добиле нешто тоа значи дека сте незадоволни од вашата положба на работа. |
| Ако крпите нешто | Ако крпите нешто во сонот значи дека ви претстои несреќа, сиромаштија. |
| Ако се жените / мажите | Позната личност: ве чека среќен брачен живот, исполнување на интимните желби; со непозната личност: болест, грижа, сиромаштија. |
| Ако се исплашите | Ако се плашите во сон значи дека ќе добиете заслужена награда на јаве. |
| Ако сте остарени | Ако остарете во сон значи дека имате долг живот пред вас. |
| Ако украдете нешто | Ако откриете кражба: ќе го надоместите изгубеното, напредок, среќа; ако учествувате со други во кражба: ве чека неуспех; ако украдете нешто сами: кавга со некој близок, неуспеси; ако некој украде нешто од вас: ќе изгубите драг пријател. |
| Акробат | Сонувате како вие сте акробат: ќе се ослободите од грижи. Ако видите акробат: неочекувана добивка. Ако го видите во циркус: неочекувана парична добивка. |
| Актовка | Нова – успех на работа. Стара – деловна стабилност. |
| Акумулатор | Ако видите акумулатор: благосостојба, сигурна иднина. Празен акумулатор: лоша среќа. Ако полните акумулатор: проблем чека на ваше решение. |
| Алапача | Ако ја слушнете: некој ве озборува. Ако се расправате со неа: ве изневерува партнер или некој за кој сте убедени дека не е искрен кон вас. |
| Аларм | Ве очекува возбудлива и заносна работа. |
| Алат | Ако видите – награда за трудот, бидете истрајни во работата. Ако купите – среќен почеток на некоја работа. Ако продавате – ќе изгубите пријател. Ако позајмувате – смрт на далечен роднина. |
| Албатрос | Добра среќа. |
| Албум | Ако листате – средба со бившиот партнер. Ако е во туѓи раце – несакан гостин. |
| Алва | Ако јадете алва – забоболка. Ако видите алва – можни се проблеми со забите. |
| Алги | Зелени: наскоро ќе дојдат подобри времиња. Црвени: ви претстои финансиска криза. |
| Алеја | Во градина – безгрижен живот. Во шума или поле – неверна љубов. Осветлена од сонце – веселба, пријатни вести. Во град – патување. На гроб – неосновани сомнежи. |
| Алергија | Ако некој друг човек има алергија – вашите планови имаат изгледи за успех. Ако имате алергија – пријатни друштвени вести. |
| Алиби | Ако давате – избегнувајте кавги. Ако барате алиби – грижи и проблеми. |
| Алигатор | Внимавајте, имате непријатели. |
| Алиментација | Ако давате: очекувате низа непријатности, не впуштајте се непромислено во љубовна врска. Ако примате алиментација: ќе се извлечете од проблеми, исполнети желби. Ако видите како некој прима или дава алиментација: се грижите за пријателот. |
| Алка | Ако сонувате целосна алка - имате верен пријател. Ако е скината - некој не е искрен кон вас. |
| Алкохол | Ако пиете сами – ќе ве изневери пријател. Ако пиете во друштво – ви претстои веселба. Ако точите алкохол – ќе одите на пат. Ако истурите алкохол врз некого – ќе се открие вистината. |
| Алманах | Кога жена сонува – предупредување да не се жртвува. Кога маж сонува – добра зделка. |
| Алое вера | Алое што цвета – длабока старост. Ако гледате алое – здравје. |
| Алпи | Ако ги видите – успех на работа. Навеани со снег – непланирани препреки до успех. Ако ги искачувате – ќе совладате препрека до успех. |
| Алуминиум | Сјаен алуминиум: ве очекуваат среќни денови. Темен (оксидиран) алуминиум: неочекувани фрустрации |
| Алуминиумска фолија | Ако сонувате алуминиумска фолија, ќе добиете подарок кој многу ќе ве израдува. |
| Амајлија | Ако имате амајлија – некој ќе ве штити, неискрени сте кон себе, обѕирни сте кон семејството. Ако видите амајлија – не дозволувате некој да ве штити. |
