Соновник | Sonovnik
| Term | Main definition |
|---|---|
| Амбар |
Полн – напредок, благосостојба, добробит. Празен – залудни ви се надежите, очекувајте штета. |
| Амбасада | Ако сонувате дека работите во амбасада – се дружите со влијателни луѓе. Ако посетите – успех поради максимален труд и напор. |
| Амбис | Ако видите – се плашите од нешто. Ако паднете во амбис – болест. Турнете некого: ќе се најдете во голема неволја. Ако скокнете во него: вашите постапки ќе ве доведат до смртна опасност. Ако видите други што скокнуваат: ќе се изложите на непријатности поради туѓа вина. Ако паднете во мрачен амбис без дно: големи грижи. |
| Амбициозност | Ако сонувате или видете амбициозен човек – се плашите од деловна конкуренција. Да бидете амбициозни – успех на работното место. |
| Амбуланта | Ако видите или се возите со амбулантно возило: радост. |
| Амбулантно возило | Ако ја видите или се возите: радост. |
| Ампутација | На вас – разделба со сакана личност. Врз други – ќе изгубите пријател. |
| Анаграм | Ако видите – проблеми на повидок. Ако решите – не плашете се од можни проблеми. |
| Ананас | Ако сонувате ананас – ве очекува добра забава. Ако јадете ананас – ве очекува напредок во социјалната положба. Ако берете ананас – здравје, брзо опоравување од болести. |
| Ангел | Ако го видите – среќа. Ако говорите со него – исполнување на многу желби. Ако сте ангел на сон: болест, несреќа. |
| Анемија | Здравје. |
| Анестезија | Грижа. |
| Антарктик | Неостварлив или тешко остварлив план. |
| Антена | Ако видите – пријатни промени. Ако сонувате дека поставувате антена – ќе решите проблем. |
| Антикварница | Добивка. |
| Антилопа | Ако видите антилопа – долга и среќна љубов. Ако убиете или видите дека други убиваат – кратка и тешка болест. |
| Апетит | Ако имате апетит - некој ќе ве посрамоти, паричен губиток, срамота. Ако немате апетит – полесна болест. |
| Аплауз | Ако примате аплауз – некој ви е благодарен. Ако давате – ќе се радувате на туѓа среќа. |
| Апсење | Ако сонувате дека сте уапсени предупредува дека ќе бидете неправедно осомничени, ќе навлезете во неволја. |
| Апстиненција | Ако сонувате дека вие апстинирате: здравје. Ако сонувате дека други апстинираат – потајно посакувате некого. |
| Аптека | Болест, деловни неуспеси, грижи. Ако купувате нешто во аптека: се грижите сo причина. |
| Апчиња | Ако видите пилула во сон ве предупредува да одите на лекар, потребна му е помош на вашето тело; ако голтате значи дека наскоро ќе се разболите. |
| Арап | Ќе добиете поволни вести. |
| Арапски букви | Разновидни значења. |
| Арена (борилиште) | Ќе надминате тешки грижи. |
| Аритметички операции | Следи финансиски добар период за вас. |
| Аритмија | Ако сонувате срцева аритмија, толкувањата се воглавно негативни, а најчесто значење е дека ќе се вознемирите на јаве. |
| Арктик | Ако го видите Арктикот – амбиција. Ако сте на Северен Пол – успех во работата. |
| Аронија | Сонот најчесто означува благосостојба и добро здравје. |
| Артичока | Срам поврзан со спротивниот пол. |
