4 есенски намирници кои ги „топат“ килограмите

4-esenski-namirnici-koi-gi-topat-kilogramite-povekjeАко размислувате за диета, есента е идеално време за вас. Во тој период можете да пронајдете безброј здрави намирници, овошје, зеленчук и зачини...


...богати со витамини и минерали.

Тиква со малку калории

Тиквата е богата со влакна и минерали, има висока концентрација на витамини, бета каротен и мал број калории – 33 на 100 грама. Таа е совршена намирница за сите што сакаат да ослабат. Од неа можете да правите чорба, погача, рижото.

Циметот го намалува апетитот

Овој чудесен зачин додајте го во секој оброк. Одговара и за солени и за благи јадења, а доаѓа во два облика – како стапче и сомелен. Циметот е богат со влакна, калциум и грозје поради што е совршен природен лек кој го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот.

4-esenski-namirnici-koi-gi-topat-kilogramite

Свинското дава чувство на ситост

Овој вид на месо е богато со белковини и затоа подолго време останувате сити, а една шницла од 100 грама содржи 291 калорија. Најдобар начин за подготовка е со варење, избегнувајте печење и похување.

Јапонско јаболко – Извор на јод

Јапонското јаболко е одличен извор на јод кој е неопходен за здрава работа на штитната жлезда. Освен тоа го забрзува метаболизмот поради што е идеален за сите што сакаат да ослабат. Корката е богата со влакна, каротиноиди и витамин Ц. 100 грама јапонско јаболко содржи 77 калории. Испробајте го во комбинација со салати. 

Би можело да ве интересира:

За првпат по 50 години ја има и во Италија – Како да се заштитите од колера? Се смета дека во модерните земји е целосно искоренета, но сепак по 50 години во ...
5 симптоми за нетолеранција на глутен кои не треба да ги игнорирате Повраќање, подуеност, но и болки во зглобовите – кои се симптомите на целијакија...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Остеопороза или „тивка болест“: Причини за појава, симптоми и совети за третирање Редовното и правилно вежбање може да ги зајакне коските, а долгото седење и недо...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Работи вредно, играј често и живеј со љубов.
Непознат автор