Бонтон -како се јаде правилно?

bonton-kako-se-jade-pravilno-povekjeПостојат правила – според бонтон, како се јадат одредени оброци. Нема потреба колачиња да сечете со вилушка и нож или пак да гризате парче торта.



Чисто да ве потсетиме на некои манири:

bonton-kako-se-jade-pravilno

1. Компот – се јаде со мала десертна лажичка.

2. Сендвичи – се јадат со рака, освен ако не се преголеми кога треба да се исечат на парчиња, а потоа може да се продолжи со рака.

3. Ориз – се јаде со вилушка.

4. Колачи – се јадат со мала десертна вилушка, а сувите колачи со рака.

5. Торта – се јаде со мала десертна вилушка, или лажичка.

6. Чипс – се јаде со рака.

7. Риба – се јаде со вилушка и посебен широк нож (доколку е сервиран).

8. Јајца – меко варено се сервира во посебна чашка и се јаде со мала лажичка. Тврдо варено се чисти со рака, се сецка со ноже и се јаде со вилушка. Кајгана – се јаде со вилушка.

9. Шпагети – се јадат со вилушка, а си помагате со лажица.

10. Ракчиња – се јадат со прсти.

11. Кавијар – се става со ножот на леб претходно намачкан. По потреба може да се додаде некоја капка лимон.

12. Овошје – речиси сите видови овошки се јадат со нож и вилушка. Јаболко и крушка се делат на четири дела со нож,  а потоа на потенки парчиња и продолжувате, или со рака, или мала вилушка. Портокал се лупи со нож и понатаму се јаде со раце. Бананите – со раце, освен ако не сакате да си ги излупите па да ги пресечете на парчиња. Лубеница и диња се јадат со нож и вилушка.

13. Леб и бели пецива – се јадат со рака. Со левата рака се земаат од масата, корпата или чинијата.

14. Супа – се јаде со лажица, но не е културно да дувате во лажицата, едноставно почекајте да се излади.

15. Пилешко – стек се јаде со нож и вилушка. Бело месо, батак, карабатак – слободно јадете со раце.

16. Салата – се јаде од чинијата која е поставена од левата страна на главната чинија, со вилушка и не се сече (освен по потреба). Салатата не би требало да се става во главната чинија со останатата храна.

17. Пица – се сече на поголеми парчиња и се јаде со рака.

Имате нешто да додадете? Слободно пишете ни во коментарите!

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
6 работи што на пријателите потајно им пречат кај вас, според психолози Пријателката постојано ви бара совет, а потоа носи сосема спротивна одлука. Ве о...
13 фото-докази дека некои луѓе немаат срам да си ја покажат некултурата „Благодариме на кој и да одлучи да се бричи во мијалникот од нашиот ресторан“,&n...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Како да оставите добар прв впечаток: Што смеете, а што никако не треба да правите? Смејте се, но имајте граници. Хуморот честопати е тајната состојка во „рецептот“...
6 чудни стандарди за убавина кои постоеле во минатото (некои од нив ни се денес смешни) Жените во Кина со екстремно долгите нокти (околу 25cm) покажувале дека се богати...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Најдобриот излез од нешто е секогаш низ тоа нешто.
Роберт Фрост (1874-1963)