Пат околу светот за 343 дена

pat-okolu-svetot-za-343-dena-povekjeКиен Лам, фотограф вљубен во патувањата и мирисот на лосионите за сончање, има импресивна бројка на штиклирани авантури од „што сакам да...


...направам пред да умрам“ листата.

pat-okolu-svetot-za-343-dena-1

Меѓу другото, свадбениот фотогаф од Сан Франциско пливал со ајкули, хранел крокодил во дивина, јавал камила, јавал слон преку река, преспал под отворено небо во Сахара, сурфал во Австралија, шеткал околу Стоунхенџ, нуркал во Црвено Море, рипнал од авион и од водопад, а во план му е да научи брејкденс и паркур, да трча со бикови во Памплона, да го види изгрејсонцето и зајдисонцето на сите 7 континенти, да упадне на свадба во Индија...

pat-okolu-svetot-za-343-dena-2

Во 2006 година поминал повеќе од еден месец во Кина и Виетнам, во 2009 година се шетал во Костарика, а во 2010/2011 едноставно го вртел светот посетувајќи 17 земји за 343 дена.

pat-okolu-svetot-za-343-dena-3

Големата прошетка започнала со давање отказ и купување билет во еден правец за Лондон. На ова патување низ Англија, Франција, Португалија, Шпанија, Јордан, Тајланд, Индонезија, Мароко, Уругвај, Јапонија, Аргентина, Чиле, Египет, Боливија, Перу, Турција и САД направил 6237 фотографии. Додека и сами не одлучите да го прошетате светот, преку ова видео може да впиете дел од неговата неверојатна авантура.

Кога ќе видите како живеат Киен и Мет неизбежно е да се запрашате што всушност правам јас? Па до каде сте со вашата листа на посакувани доживувања?

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима Кипар, Сплит, Крит... Кои европски дестинации може да ги посетите и во зима, за ...
Виолинистката Ева Богоевска бремена на одмор на Малдиви: „Не ми беше сеедно кога ме допираа ајкули“ „Морам да признаам дека воопшто не ми беше сеедно кога чувствував како ајкулите ...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
TripAdvisor го избра Лондон за најпопуларна европска дестинација за 2024 - Која соседна земја е на л... TripAdvisor ги избра 10-те најпопуларни туристички дестинации во Европа. На прво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Во борбата помеѓу лагата и вистината, лагата ја добива првата битка, а вистината последната.
Муџибур Рахман