Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com
Term | Main definition |
---|---|
Табакера |
Примање на подарок значи дека ќе се здобиеш со углед, почит; да ја изгубите во сон значи добивка на коцка; пронаоѓање табакера значи дека ќе чуеш радосна вест на јаве. |
Табла училишна | Гледање училишна табла во сон советува дека треба да се послуша добар совет; пишување, бришење на неа предупредува дека на јаве ќе западнеш во долгови. |
Таван | Сонување дека барате нешто на таван означува неочекувани тешкотии, сиромаштија. |
Тага (тагување) | Ако сте тажни во сонот ве очекува среќа на јаве. |
Тајна | Дознавање: ќе стекнеш добри пријатели; откривање: срам, мизерија; чување тајна: среќно ќе избегнеш опасност. |
Тамбура | Гледање тамбура во сон значи дека ви претстои патување; тамбурата предупредува дека некој од околината ви завидува. |
Танга гаќички | Женски: црно ти се пишува; машки: скандал, срамота, лоши вести; валкани: болест; искинати: опасност, свадба, љубовна авантура, жешка врска; ако носите туѓи гаќички на себе: не се фалете со она што не ви припаѓа. |
Танкер | За вас нема непредвидени ситуации кои можат да ве вознемират. |
Танцување | Ако играте во сонот значи дека сте склони на љубомора, несреќа. |
Тапан | Ако слушнете тапан на сон тоа значи дека некој ќе ја искористи вашата искреност; недоразбирања, кавги. |
Тапетар | Во сон тапетар е симбол на семејна среќа што ви претстои на јаве. |
Татко | Ако разговарате со вашиот татко: среќа, радост; смрт на татко: неволја, срам, несреќа; ако сонувате мртов татко: напредок, долг живот. |
Твор | Сонување твор предупредува да се чуваш од подлизурковци, измами, загуби. |
Тврдина | Гледање тврдина во сон значи дека ќе бидеш во немилост на претпоставените поради нечие озборување, лаги. |
Театар | Ако сонувате дека одите во театар значи дека вашата стара желба ќе се оствари. |
Театарски штици | Ако сонувате театарски даски тоа имплицира дека работите на себе. |
Теле | Теле во сон е симбол на радост, добивка на јаве. |
Телефон | Гледање телефон значи дека ќе чуете неважни вести; повикување на телефон во сон предупредува на грижи, итни работи; примање повик значи дека ќе слушнете некои вести. |
Телефонирање | Телефонирање во сон значи дека те очекуваат итни работи. |
Темел на куќа | Темел на куќа во сон е симбол за добивка, веридба, семејна веселба на јаве. |
Темјан | Сонување темјан значи дека на твоите грижи им доаѓа крај. |
Темјанушка | Сонување темјанушка означува среќа во љубовта, пријатни спомени, не очекувај многу од другите. |
Темнина | Ако се најдете во темнина: болест, зли времиња; талкање во темнина: те чекаат неволји; излегување од темнина: среќно избегната опасност. |
Тенк | Гледање тенк во сон значи да не се расправате со некој посилен од себе. |
Тепање | Предупредување за неизбежна штета. |
Тепсија | Празна тепсија во сон означува штета, кавга; полн е симбол на нова љубовна, вонбрачна врска што ќе ви се случи наскоро. |
Тестамент | Сонување дека правите тестамент значи дека животот ви се продолжил. |
Тесто | Сонување тесто предупредува дека наидуваат мали пречки, несогласувања во бракот. |
Тетка (тетин) | Да ги видите во сон значи дека ќе добиеш наследство или награда; разговарање, посетување: предупредува на кавги во домот. |
Тешта (тест) | Гледање тешта/тест во сон значи дека ќе бидете соочени со неволји, расправии, проблеми, досада. |