Рајскиот егејски остров - Тасос

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-povekjeГо нарекуваат „Зелениот дијамант“  заради својата раскошна убавина и зеленило или уште во митологијата е познат како „Островот на сирените“.


Тасос е најсеверниот остров на Егејскиот Архипелаг кои велат дека плени со својата убавина уште на прв поглед. Ако сакате убави плажи, прошетки, грчка храна и вино, романтика, забава - ова е вистинското место за вас.

Должината на брегот е околу 100Km што овозможува да го прошетате целиот остров и да ги посетите бројните плажи кои ќе ве остават без здив.

За нас е голема предност што ова е најблискиот остров до нашата територија (некаде околу 410km од Скопје). Траект може да фатите од Кавала или Керамоти и ќе ве чини од прилика 30 евра за двајца во еден правец.

Јужниот дел од островот е оној монденски дел каде се поживите селца – Лименарија, Потос, Псили Амос, но каде и да сте сместени задолжително посетете ги сите делови на островот. Ќе ве воодушеват боровите шуми, чистиот воздух и кристално чистото море.

Кои се плажите што задолжително мора да ги посетите:

1. Плажата Golden Beach.  Важи за една од најубавите плажи во Европа. Ситен песок и кристално море во северниот дел на Тасос.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-1

2. Плажата Алики сместена во јужниот дел на Тасос во близина на гратчето Лименарија. Овде имате можност да изнајмите шатори со лежалки и да уживате целодневно. Ова е една од плажите која важи за тренд сетерска и најчесто треба да отидете порано за да си фатите место.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-2

3. Paradise Beach. До плажата се стигнува по земјен пат, но верувајте дека вреди и да пропешачите. Овде често има бранови и е одлична за добра забава и трошење на негативната енергија. На плажата има ресторанче и кафуле. Левиот дел од плажата е резервиран за нудисти, а има и помали интимни заливчиња.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-3

4. Saliara Beach или уште наречена е Мермерна плажа. Сместена е во посеверниот дел на островот. Патот не е асфалтиран, но сепак е прооден. Плажата е со ситни бели мермерни камчиња, а морето неверојатно кристално сино.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-4

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-5

5. Псили Амос е плажа во јужниот дел на островот. Левиот дел од плажата има неверојатно мек песок, водата е за нијанса постудена од останатите плажи и дел со карпи каде можете да се сончате. Во сезона оваа плажа работи турбо – со музика и дневни забави.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-6

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-7

6. Трипити. Плажата е голема и широка. На десната страна е ситен песок, а кон средината има и каменчиња. Овде можете на мира вистински да уживате.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-8

7. Салоникиос. Се наоѓа во јужниот дел на островот. Има бар каде може да се забавувате од попладневните па се до раните утрински часови.

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-9

rajskiot-ostrov-vo-egejot-tasos-10

Има уште многу што да се види на рајскиот остров. И уште еден куп плажи – Макријамос, Потос, Скала Мариа, Пачис, Глифонери, Шеќерната плажа или Атспас, Металија, Пефкари, Сан Антонио...и дефинитивно ќе ја најдете совршената плажа за вас.

Она што ви е потребно е мапа на островот, авантуристички дух и желба за уживање!

Споделете го вашето искуство ако веќе сте биле на Тасос!

Би можело да ве интересира:

Најубавите плажи во близина на Сарти (за тие што ја избегнуваат локалната плажа) Ако и вие како многу Македонци годинава се одлучите да летувате во Сарти, ви пре...
5 од најубавите пештери во Грција (каде што можете да пливате) Сините пештери на Закинтос и Мелисани на Кефалонија се едни од најубавите пештер...
9 необични плажи во Грција кои се како од рајот (фото) Плажа со розов песок, плажа со огромен број палми како на егзотичен остров, плаж...
„Зошто езерото Комо треба да го замените со Охрид?“ - Британска новинарка е восхитена од убавините н... „Пиејќи вино и грицкајќи закуски на сонце, повторно добивам чувство дека можеби ...
Хрватка сподели видео од редок феномен - Се бања во вода која гори во Јамајка „Изворот случајно го открила прабабата на денешниот сопственик додека палела неш...
Викенд дестинација во Македонија: „Пливав во Отошничкото Езеро, дотаму има асфалтиран пат“ Понекогаш немаме многу време за размислување и кроење на детални планови кога са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Само љубовта може да ги спои луѓето, да ги надополни и исполни, бидејќи само таа ги поврзува со најдлабокото нешто во нив.
Пјер Тејар Де Шарден