Како се вртат парите?

kako-se-vrtat-parite-povekjeЖивеам во мал приморски град. Сите сме во долгови до гуша. Туристичката сезона е еднаква на нула – нема никој, никој не доаѓа, никој не се најавува да дојде.


За Велигден, ненадејно, кај Мате во пансионот, дојде еден американец. Бара апартман. Има слободни, нормално!

kako-se-vrtat-parite

Американецот остави $100 долари на рецепција, зеде клуч и отиде да го разгледа апартманот. Мате ги зграпчи парите и истрча кај месарот да му го врати долгот за купеното месо.

Месарот ги зеде парите и отиде да му плати на добавувачот. Овој уште побрзо истрча до фармата за да му плати на селанецот за прасето, долг кој го влече уште од Божик.

Селанецот ги зел парите и истрчал до локалната „меракликa“ која веќе подолго време му давала на кредит и му се заканила дека ќе почне да му пресметува и камата.

Меракликата дотрча кај Мате во пансионот за да плати за собата, долг од минатата година. Мате ги зеде парите, а американецот се симна во истиот момент и рече дека не му одговара апартманот. Мате му ги врати неговите 100 долари и американецот си отиде.

Сите во нашето место заклучија дека иако немаше некоја голема заработка од оној американец, сепак барем сите успешно си ги вратија долговите и нема причина за грижа.

Би можело да ве интересира:

Смешна фото-компилација: Најлудите работи што ги гледаат вработени во техничка поддршка Подуена батерија од лаптоп која може да експлодира во секој миг, конзола за игра...
10 забавни мемиња кои докажуваат дека сите татковци се исти Вклучените светилки во празна соба значат финансиска пропаст за семејството... Б...
Смешна фото-компилација: Зошто жените живеат подолго од мажите? Маж кој сече дрво со моторна пила додека е качен на дрвото, дечко кој поправа кл...
Жени кои само сакале да се разубават, но отишле во непроверен салон (фото) Екстензии кои изгледаат како да сте ги ставале сами и трепки кои воопшто не изгл...
„Ако си го продадеш автомобилот, бубрегот и душата - можеш да си купиш стан во Скопје, без парно“ „Собирав пари да си купам стан во Скопје, но не собрав доволно, па си купив куќа...
„Уживај ќе средиме, имам врски“ – Македонија и сè е можно „Уживај ќе средиме, имам врски! Имам човек - без грижа!“... Колку често ја слуша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Големата надеж е многу поголем поттик во животот отколку што би можела да биде каква и да е доживеана радост.
Фридриг Вилхелм Ниче (1844-1900)