Буква Г - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Гавран


Мртов: направената неправда ќе ви биде исправена; ако слушнете гавран: ќе бидете одважен во наметната борба; да прелетува околу куќата: жални вести, смрт; ако го видите: среќа, радосни вести; ако го исплашите: кражба или измама; на кровот: од вас ќе зависи ситуацијата во домот.

Гаѓање со снег

Ако видите гаѓање во сон означува расправија со соседот, измама, ако сонувате дека се гаѓате со некого симболизира радосни вести, чувајте се од инциденти на јавно место.

Гаѓате во нешто

Значи дека ќе ви се остварат желбите.

Газа

Медицинска газа во сонот значи дека ќе се ослободите од грижите.

Газда

Ако видите или разговарате со шефот во сонот означува промена во служба; ако се расправате со него значи дека ќе добиете покачување.

Гајдаџија

Ако сонувате гајдаџија тоа значи дека ве очекуваа пријатни љубовни моменти.

Гајтан

Одврзување на гајтан во сон симболизира љубовни или семејни неволји; одврзување значи задоволство со постигнатото; ако кинете се советува да прекинете незадоволителна врска.

Галама

Друштво: ги потиснувате желбите затоа што сте неодлучни.

Галеб

За парови во брак: раскинување проследено со солзи; за парови кои не се во брак и поединци: среќа во љубовта, радост, веселба; ранет: бидете внимателни; во лет: ви се насмевнува среќата во животот.

Галење

Галење некого во сон е закана дека ќе се разочараш во љубовта.

Галерија

Ако видите уметничка галерија во сонот тоа значи дека ве очекува среќна иднина, ќе слушнете значајни новости кои ќе имаат голема важност во иднината.

Галија

Галија во сон предупредува дека ве очекуваат непријатности, а галија полна со воска предупредува на недоразбирања на работното место.

Гаража

Ако сонувате јавна гаража тоа значи дека ќе имате напредок во општите работи, а приватна гаража предупредува дека ќе ве изневери некој кому му верувате.

Гардеробер

Празен гардеробер во сонот предупредува дека треба да избегнувате да се задолжувате по секоја цена, додека полн симболизира материјален успех на работа.

Гас

Гас со непријатна миризба во сон значи дека вашиот страв за здравствената состојба е оправдан.

Гатачка

Ако видите гатачка во вашиот сон, истиот ве советува да имате поголема доверба во себе и во своите постапки, додека да бидете гатачка значи дека околината се сомнева во вашите идеи.

Гаќи

Ако сонувате дека сте изгубиле гаќи тоа предупредува на штета на имот, неверство, не сте сигурни во сопствениот избор или тоа не сакате да си го признаете.

Гелендер

Ако видите гелендер во сонот тоа ве предупредува дека ќе имате мали проблеми со парите.

Гениталии

Големи грижи и потешкотии на повидок, несигурност во себе.

Географска карта

Ако видите географски карти во сонот тоа значи дека неочекувано ќе заминете на патување.

Гилотина

Ако видите гилотина во сонот тоа предупредува дека поради своите непромислености ќе изгубите пријател.

Гипс

Означува среќа на работното место, ако носите гипс во сонот значи дека вашето трпение ќе се исплати, ако сонувате гипсена фигура значи дека очекувате задоволства.

Гитара

Ако видите: ќе добиете подарок; ако свирите: ќе станете омилени на околината, признание, успех; ако слушате: тага поради минатото.

Глава

Можно е поради големи трошоци да морате да се откажете од луксузот во којшто сте живееле досега.

Главоболка

Ако сонувате дека имате главоболка, тоа значи дека сте под голем стрес.

Глад

Ако сте гладни во сонот значи дека ќе добиете на лотарија.

Гласање

Ако сонувате гласање тоа значи дека морате повеќе да имате доверба во сопствените способности.

Гледате како некој води љубов

Ако сонувате дека гледате како некои други луѓе водат љубов тоа имплицира дека претерано сте срамежливи и како последица на тоа пропуштате многу прилики вистински да уживате.

Гледате натпревар

Ако во сонот гледате натпревар или некое друго спортско случување тоа имплицира дека наскоро ќе отпатувате некаде.

Гледате некого/нешто

Ако гледате во небо тоа значи дека копнеете по некого кој ви е многу драг.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg