Буква М - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Магаре


Јавање: полека но сигурно одиш кон успехот, трпение-спасение; гледате: ти претстои караница, болест; гледање црно магаре: радост.

Магионичар

Ако видите магионичар на сон значи дека ќе ве измами личноста од која најмалку го очекувате тоа.

Магла

Густа: болест, влеговте во неволја, тага; ретка: среќа, мала добивка.

Мајка

Гледање: ќе чуеш пријатни вести; разговарање со неа: успешен потфат; да ти умре: несреќа, грижи; умрена да ја сонуваш дека е жива: долг живот, напредок.

Мајмун

Сонување мајмун предупредува да се чувате од полтрони, болест, измама.

Малини

Берење: после тешкотии очекувај благосостојба; јадење: љубовна кавга.

Манастир

Одиш кон помирен и посреќен живот; за некои: опкружени сте со лаги.

Манго

Манго означува страст кон некоја личност. 

Мандарина

Јадење мандарини: време е за нов почеток. Гледање во сон: желба за слатки залаци.

Манекен / ка

Сонувањето предупредува дека некој те клевети, ја кријат твојата вредност.

Мантил

Гледање мантил во сон значи дека те очекува тага, срам, сожалување, измама, штета.

Марама

За глава: веселба, патување; стара: озборување; црна: тага во домот.

Марамче

Сонување марамче предупредува дека ве очекуваат љубовни кавги.

Маргарин

Јадење маргарин во сон предупредува да се чувате од измами.

Мармалад

Ако јадете мармалад во сон значи дека ве чека радост, благосостојба, здравје.

Маса за фудбал

Ако во сонот видите маса за фудбал тоа значи дека партнерот многу се труди да ви угоди и поради тоа ви станало здодевно во врската.

Масажа

Преокупиран си со мали грижи.

Маска (маскенбал)

На јаве си неискрен, ги изневеруваш пријателите.

Маслинка

Маслиново дрво: среќа, добивка, љубовна авантура; јадење маслинки: непријатни љубовни игри.

Масло (зејтин)

Ќе ви се подобри материјалната состојба.

Маст

Гледање маст во сон значи дека на јаве ќе имате среќа во љубовта, а јадење маст  предупредува на болест во домот.

Матарка

Ако сонувате празна матарка тоа ве советува да се откажете од патот; полна е симбол на веселба; ако пиеш од неа ќе заборавиш на тешкотиите.

Матичар

За венчани: среќа во брак; за невенчани: љубовни средби.

Маќеа

Сонување дека имате маќеа значи дека ве демне неволја, очекувајте кавги.

Мачење

На јаве ќе те фатат во прељуба.

Мачка

Гледање: измама, кражба, непотребни трошоци; убивање или тепање: имаш еден непријател помалку, неверство; сонување црна мачка: несреќа, опасност; да мјаука: непријатни настани; со мачиња: беда, несреќа; бела: чувај се од ласкавец; да те гребе или гризе: непријатни доживувања; јадење месо од мачка: развод; галење, хранење: добрината ти се враќа со неблагодарност.

Маша за оган

Ќе бидеш стројник во реалноста.

Машина за шиење

Ако видите машина за шиење тоа означува дека ќе имате напредок во домаќинството.

Мед

Цедење: мала загуба, пожар; јадење, засладување: успех во бизнисот; мачкање на леб и јадење: опкружени сте со лоши луѓе.

Медал

Ако на сон добиете златен, сребрен или бронзен медал тоа значи дека трудот ќе ви се исплати.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg