Хороскоп за Бик


Дневен хороскоп

Бик Бик
 20.04-20.05

Дневен хороскоп за Бик - вторник, 18 февруари 2020

Не си барајте повод за расправии на работното место. Ако сакате промена, почнете да работите на истата. Премногу се грижите за пријателите кои ќе се покаже дека се со вас од интерес. Како поминуваат годините, оваа ситуација станува се пореална.

Неделен хороскоп

Бик Бик
 20.04-20.05

Љубов Работа Здравје
5 4 4

17 до 23 февруари 2020

Љубов: Поголемиот дел од седмицата ќе го поминете со интересно друштво кое навистина ќе ве освежи. Грижите и пречките од другите подрачја на животот лесно ќе ги надминувате заедно со хумор и шеги. Оние што се сѐ уште сами ќе бидат отворени за нови луѓе кои со задоволство ќе ве прифаќаат.

Работа: Како што ќе одминува седмицата, ќе биде сѐ појасно дека ова што го работите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите повредно. Вакви прилики не се јавуваат често, па штета би било да не се искористат до крај.

Здравје и совет: На полето на здравјето склони сте кон проблеми со урогениталниот тракт. Ве очекува фаза во која ќе бидете склони кон воспаленија. Немојте непотребно да ја трошите силата.

Месечен хороскоп

Бик Бик
 20.04-20.05

февруари 2020

Работа: Оние што се вработени и кои веќе извесно време чувствуваат неизвесност на работа, ќе бидат напнати и нервозни затоа што реализацијата на нивните замисли многу доцни или тапка во место. Останатите проекти исто така стојат бидејќи мислевте по ред да ги завршувате со оглед на важноста. Тоа доцнење може да трае неколку недели и дури во последната седмица од овој месец може да почувствувате олеснување и подобрување. Опкружувањето во коешто работите нема да ви пречи, напротив ќе ви дава дополнителна поддршка затоа што веруваат во вашите способности. Ќе бидете мотивирани од таа страна, но сепак несигурни во своите можности. Но тоа чувство кон крајот од месецот ќе помине. Ако сте невработени, пријателите ќе ви бидат поддршка при пронаоѓање на работа или ќе ви помогнат работите што ги правите хонорарно да ги завршите во пократок рок. Пред вас е напорен период. Средината од месецот е важен период кога треба да увидите зошто воопшто не доаѓате до работа која ја сакате и дали тоа зависи само од вас. Некои работи тогаш ќе ви бидат појасни.

Љубов: Кога е љубовта во прашање, било да сте слободни или не, може да се случи да се разочарате во пријател кој ви е близок, а влијаел да имате чести конфликти со партнерот. Или нe му се допаѓа вашата среќа или ако сте слободни, не му се допаѓа тоа што сте заинтересирани за личност која и нему му се допаѓа. Преиспитајте ги своите пријателства. Можно е да бидете жртва на интриги и лоши зборови. Оние што се во врска нема најдобро да го разберат однесувањето на партнерот кое е таинствено и вам нејасно, но обидете се да разговарате со него и да ги утврдите причините за таквото однесување. Не сте човек кој прави компромиси и постојано другите се приспособуваат кон вас, но партнерот не сака да попушти и мора да најдете некој договор, инаку врската може да се прекине. Една личност постојано се обидува да флертува со вас и да ве наведе на тајна авантура. Внимавајте да не ве понесат чувствата и после да се покаете поради својата непромисленост.

Здравје: Здравјето овој месец нема да ви биде загрозено. Добро ќе се чувствувате, но можно е од време на време да бидете нервозни. Ни вие нема да видите објективна причина за тоа, но ќе се чувствувате вознемирено. Ако ве мачат вашите хронични проблеми, посетете лекар и држете ги под контрола. Некои лоши навики може да ви создадат голем ризик за метаболистички болести, па да имате некои почетни симптоми на покачен притисок и инсулинска резистенција.

Годишен хороскоп

Бик Бик
 20.04-20.05

2020

Според хороскопот за 2020-та година, ова е уште една година во која Биковите ќе се изградат себеси и сите напори кои ќе ги вложите ќе покажат солидни и видливи ефекти.

Ѕвездите за идната 2020-та година предвидуваат дека ќе мора да се однесувате професионално ако сакате да успеете.

Би било идеално да се посветите на работите кои ви дозволуваат креативно да размислувате.

Исто така, очекувајте голема поддршка од пријателите и семејството. Генерално, годината за Биковите ќе биде совршена за љубов, дом и семејство.

 

Работа и финансии

Вашите финансии значително може да се подобрат во 2020-та година. Ќе се чувствувате многу постабилно и посигурно во областа на финансии и пари. Промената на дисциплината во врска со организацијата и дисциплината ќе биде главна причина за тоа.

Се предвидува и ослободување од некој долгорочен долг и конечна можност за штедење.

Во работата ќе имате корист од промената на секојдневната рутина. Не се борете против промените, бидејќи ќе откриете дека тие ќе ви донесат зголемена волја за работа, енергија и успех.

Обидете се да ја поправите штетата што ја направивте во 2019-та година, така што ќе ги контролирате сопствените импулсивни одлуки.

 

Љубов

Во 2020-та година ѕвездите велат дека на емотивно поле ќе се стабилизирате. Ќе најдете хармонија со саканата личност. Конечно ќе откриете што сакате и на каде сакате да се развива љубовниот однос.

Оваа година ќе има повеќе мали, суптилни промени, но важно е дека нема да стоите во место.

Во 2020-та година многу од вашите односи ќе преминат во нова фаза, благодарение на длабоката и интензивна интеракција.

Ако сè уште не сте ја пронашле сродната душа, 2020-та ќе биде идеална за тоа. Сепак, чувајте се од лутината и импулсивните реакции во есен, посебно во месец октомври. Тогаш се најголеми шансите да ја нарушите хармонијата.

 

Здравје

Задолжително треба попаметно да располагате со времето и парите, односно во секојдневието да воведете поздрави физички активности.

Ако не знаете од каде да почнете, прашајте го пријателот на кој му верувате. Тој ќе ви помогне во 2020-та година да развиете корисни рутини.

Рамнотежата во исхраната исто така ќе биде клучна за Биковите да ја сочуваат енергијата во текот на годината. Задолжително мерете ја тежината на неколку недели.

Во 2020-та здравјето ќе биде посебно важно и треба да му се посветите, бидејќи ова е годината кога ќе го „жнеете она што го сеевте.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најнови игри