Хороскоп за Близнаци


Дневен хороскоп

Близнаци Близнаци
 21.05-20.06

Дневен хороскоп за Близнаци - вторник, 29 септември 2020

Морате да ги прифатите промените за кои знаете дека се неизбежни. На работното место немојте да споделувате сè со колегите, особено не детали од приватниот живот. На поле љубов ќе треба да донесете важна одлука. Слушајте ги вашите инстинкти и нема да погрешите.

Неделен хороскоп

Близнаци Близнаци
 21.05-20.06

Љубов Работа Здравје
5 4 4

28 септември до 4 октомври 2020

Љубов: Ќе мислите дека сте можеле да направите повеќе, но нема причина да бидете незадоволни. Сега своите сили ќе ги насочите кон зацврстување кон она што сте го постигнале во приватниот живот. Нема да има многу атракции, но зголемената интимност ќе ви оди во прилог.

Работа: Ќе има сѐ повеќе работа, особено онаа со услужен карактер. Понекогаш од сѐ нема да можете да здивнете, но најмногу ќе ве нервира она што некои ваши колеги или соработници функционираат непрофесионално. Ќе се обидете да ги насочите кон посовесно работење.

Здравје: Кога е здравјето во прашање, чувствувате недостиг на физичка кондиција. Вежбајте и шетајте на свеж воздух.

Совет: Немојте да заборавите редовно да се одмарате.

Месечен хороскоп

Близнаци Близнаци
 21.05-20.06

септември 2020

Работа: Септември носи многу деловни предизвици и нови обврски. На почетокот од месецот ќе бидете загрижени, ќе сметате дека немате време сѐ да постигнете, но ако се фокусирате и добро се организирате, сѐ ќе сработите како што треба и што е најважно во предвидениот рок. Многу Близнаци ќе потпишат нови договори, а ќе ги обноват и деловните контакти. Немојте да започнувате многу работи одеднаш за да не се преобременувате. На крајот од месецот ќе бидете задоволни со финансиските приливи, а тоа сега ви е најважно. Добивки ве очекуваат од големи и долгорочни работи, градежни работи и довршување на актуелни проекти во предвидениот рок. Ќе имате финансиски успех ако работите од дома или ако имате сопствен бизнис.

Љубов: Близнаците во септември нема да трпат префрлања, контролирање и ограничување, па ќе доаѓа до чести расправии со партнерот. Можно е да бидете во чудна врска за која немате чувство дека е лоша за вас. Всушност партнерот со кој сте е ослободен од традиции и предрасуди. Ќе сакате време само за себе, затоа што имате чувство дека сте пропуштиле многу работи и дека морате да ги надоместите. Објаснете му го тоа на партнерот на мирен и сталожен начин и нема да имате проблеми. Има место и за поправање на односите, особено кон крајот на месецот. Можно е во меѓувреме да ви се појави личност со која ќе имате мал флерт. Оние што се во брак или во врска може да имаат проблем со пари, што ќе предизвика расправии меѓу сопружниците. Бидете трпеливи, сѐ ќе се поправи кон средината од месецот. Слободните Близнаци ќе имаат романса која ќе изгледа како од бајките.

Здравје: Потребни ви се секојдневни физички активности и тоа не би требало да го занемарите. Премногу седење и пасивност може штетно да влијае на вашиот организам. Избегнувајте непотребно исцрпување и правилно распоредете ги своите активности за да имате и време за одмор. Кон крајот од месецот ќе бидете склони кон падови и повреди. Преземете превентивни мерки.

Годишен хороскоп

Близнаци Близнаци
 21.05-20.06

2020

За Близнаците, 2020-та ќе биде вистинско освежување. Оваа година ќе треба да се фокусирате на вашиот личен развој, вашите врски и професионалните цели.

Понекогаш животот ќе ви изгледа тежок, но нема да можете да го контролирате ова. Па, најдобро ќе биде да чекате да помине проблематичниот период.

Обидете се да уживате во новата година и максимално да ги искористите сите можности.

Токму во 2020-та ќе се придвижите напред, ќе бидете со одлично расположение и внимателно ќе ги одбирате пријателите. А, поради ова можно е да ставите и крај на пријателствата и врските што само ви штетат.

 

Работа и финансии

Ако работите сами, во новата година навистина ќе го дадете најдоброто од себе. Иако треба да ги подобрите односите со колегите, понекогаш најдобро е да се тргнете настрана за да ги завршите сите обврски. 

На работното место ќе ве очекуваат многу задачи, па ве очекува напорна година. Сепак, вашиот труд нема да остане незабележан и вистински ќе се истакнете во очите на надредените.

До крајот на годината можно е да го смените работното место или да започнете голем проект. Како и да е, оваа година поставете ги темелите што многу ќе ви помогнат во иднина.

За среќа, во текот на годината ќе имате малку грижи за парите. Ќе имате доволно за удобен живот, а ќе можете да тргнете нешто и за забава или некое патување.

Важно е да не се трудите премногу околу финансиската состојба, само обидете се да одржите некоја рамнотежа.

 

Љубов

Оваа година, вашиот љубовен живот ќе биде поинтензивен. Ако минатата година со партнерот била здодевна, сега ќе имате можност да ја „зачинете“ врската.

Обидете се да не му поставувате преголеми очекувања на партнерот, а кога ќе се појави некој проблем, разговарајте за тоа.

Во 2020-та најверојатно ќе решите голем дел од проблемите со саканите кои се акумулирале низ годините. До пролет ќе ги подобрите односите со речиси сите.

До крајот на годината, пак, ќе имате повеќе лични и интимни односи, без разлика дали сте во врска или не. Ќе бидете полни со самодоверба, а сите ќе го забележат тоа.

 

Здравје

Ако сакате да останете во форма, ќе треба да вежбате почесто.

Обидете се и да одвоите време за одмор за вашиот ум. Не дозволувајте му на менталното здравје да се влоши.

Најважно е во новата година да барате рамнотежа. Бидејќи ќе работите напорно, ќе треба да одмарате подолго. Истовремено, немојте да ги прескокнувате лекарските прегледи.

Оваа година вистински ќе се мотивирате да го подобрите здравјето, па до крајот на 2020-та веројатно ќе го промените целиот животен стил.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

Најнови игри