Дневен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

Дневен хороскоп за Лав - сабота, 13 август 2022

Чувствувате дека имате поголема слобода на говор и уживате во шансата која ја имате. Љубовниот живот ќе доминира во текот на ден. Ќе се потрудите да бидете разбрани без да го навредите партнерот или личноста со која флертувате.

Неделен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

Љубов Работа Здравје
5 4 4

8 до 14 август 2022

Љубов: Лавовите може да очекуваат потрајни промени на емотивен план оваа недела. Некои можеби ќе посакаат посериозни емотивни контакти или ќе влезат во период на сериозно преиспитување на љубовното поле. За слободните Лавови љубовта или врските кои потекнуваат од исто друштво или познанство преку работното место носат многу главоболки.

Работа: Сите одлуки зависат од вас, како и нивното спроведување. Затоа, не двоумете се. Бидејќи сте притиснати од одредени рокови, работите под напнатост, но сепак можете да ја толерирате. Пред да започнете некои нови примамливи проекти, не заборавајте да ги завршите старите, инаку незавршената работа ќе ве кочи.

Здравје: Под влијание на емоциите сте понервозни од вообичаено, затоа најдете мир во активностите кои ве задоволуваат и психички и физички – најдобро е да ги комбинирате, преку движење и престој во природа.

Совет: Стремете се кон поголеми височини и достигнувања.

Месечен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

август 2022

Работа: На самиот почеток на август ќе иницирате реализација на нови планирани работни задачи и добро ќе се организирате во спроведувањето на сѐ што е ваша лична одговорност. Вашите лидерски способности ќе дојдат до зголемен израз. Новиот проект ќе продолжи успешно да се развива и ќе ви ја донесе очекуваната заработка, што ќе ги направи вашите позиции стабилни. Можен е неочекуван напредок во кариерата. Невработените Лавови ќе добијат можност да се вработат во професијата или да започнат приватен бизнис доколку тоа им е планот. Нови вработувања и во областа на менаџментот, здравството, јавните, правните и човечките ресурси.

Љубов: Доколку сте во врска на почетокот на месецот ќе имате заладување на односите со саканата личност. Ќе заземате спротивни позиции, нема да се согласувате за многу работи, а причина за тоа е сето она што долго време го запоставувавте во вашата врска. Во третата декада од август ќе ги решите проблемите и несогласувањата. Ако сте сами, ќе почнете да се грижите поради тоа што долго време сте сами и дека никој не ве привлекува. Кого и да сретнете, набрзо сфаќате дека се незрели, несериозни, несигурни, без потребните квалитети. Ова ќе ве натера да се повлечете во себе во првата половина на август. Во втората половина од месецот ќе запознаете личност од интелектуален тип, комуникативна, со јасни ставови и стабилен карактер.

Здравје: Првата половина на август ви носи слаб имунитет и послаба физичка кондиција. Често ќе чувствувате зголемен замор. Ви треба повеќе одмор. Ќе бидете подложни на стрес. Уживајте во планинскиот и морскиот воздух како и честите престои во природа со рекреативни физички активности. Во втората половина на август избегнувајте продолжено изложување на силна сончева светлина и практикувајте психофизичка релаксација.

Годишен хороскоп

Лав Лав
 23.07-22.08

2022

2022 e годината кога Лавовите ќе бидат многу среќни и задоволни од самите себе, и покрај тоа што финансиите ќе им бидат слаба точка.

Во текот на оваа година ќе зрачите со посебна енергија и шарм и ќе ги привлекувате сите околу себе со малку контакт со очи и слаткоречивост.

Парите ќе ви бидат слаба точка во 2022, а ако секогаш сте имале усогласен однос со финансиите, оваа година малку ќе биде потешка за вас.

Сепак, нема да дозволите во ниту еден момент да почувствувате неудобност во животот, па ќе вложувате максимум за да заработите за секојдневие какво што посакувате.

Во периодот од 5 јуни до 23 октомври очекувајте значајни промени, посебно во полето на пријателството и односите со луѓето.

Работа и финансии

Кога станува збор за зголемување на личното богатство, Лавовите во 2022 најголема шанса имаат со недвижнини.

Можна е продажба на недвижен имот, издавање на некој имот под наемнина, а некои Лавови дури може и да се изненадат со купување на имот до крајот на годината.

Ова е годината кога родените во овој знак ќе го најдат својот дом и нема да се плашат да се задолжат во банка за да инвестираат во иднината.

Оние кои се покреативни, може да започнат личен бизнис и да успеат во продажбата на авторските дела кои се рачна изработка.

Кон крајот на ноември е можна голема исплата и добивка од некој работен ангажман.

Во 2022 ќе имате шанси да се впуштите во дополнителни ангажмани и ќе имате повеќе од една работа.

Способноста на Лавот за комуникација и односи со луѓе ќе биде од голема корист при остварувањето на професионални цели. Контактите се најважни.

Во голем дел од годината ќе имате лидерска улога, но доколку почнете да се чувствувате како ситна риба, подгответе за следниот чекор и за поголема улога.

Не дозволувајте гордоста од некои причини да ви се испречи на патот кон непознатото.

Ќе имате многу опции каде да ги изразите креативните моќи, а можни се хонорарни ангажмани во работа со глума, продажба, промоции или со деца.

Љубов

Планетите јасно укажуваат на тоа дека во 2022 Лавовите ќе бидат посакувани, но и ќе развијат интензивен апетит за љубовни авантури.

Индивидуално е од каде доаѓа сето тоа внимание кое го добиваат и дали ќе биде искористено за стабилна љубовна врска или за една вечер.

Некои Лавови може да паднат во замката на токсични личности, кои не се добри за нивната емоционална добросостојба, но брзо ќе сфатат дека со нив нема иднина.

Оние кои се во врска или брак, во 2022 ќе сфатат точно што сакаат од партнерот и од љубовните односи.

Се усогласувате со партнерот и токму затоа годината ќе ви биде возбудлива – заедно ќе се стремите кон освојување животни цели. Заедно може да изградите империја.

Ќе имате многу причини и поводи за славење, а низ целата година страстите ќе бидат загарантирани.

Ова е и годината кога ќе се сместите во сопствен дом, па кај некои Лавови се очекува заедничко вселување, а кај оние кои веќе ја поминале оваа фаза, може да биде период за реновирање и заедничко уредување.

Здравје

2022 е годината кога треба да се оддалечите од некои луѓе кои ви влијаат токсично и ви создаваат стрес.

Повеќето здравствени тегоби кои ќе ве пратат се предизвикани од психолошки стрес и притисок на кој сте изложени.

Можен е проблем со видот и концентрацијата, правете редовни прегледи.

Генерално ќе имате подобрување на здравјето, но бидете внимателни на поедини ситни проблеми во периодот околу април, мај, октомври и ноември.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg