Хороскоп за Скорпија


Дневен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

Дневен хороскоп за Скорпија - вторник, 18 февруари 2020

Проблемите на кои ќе наидете денес ќе направат да станете посилни и посигурни во себе. Паметно ќе изиграте со колегите. Здравјето ве служи одлично. Ќе се истакнете во вашето друштво со одлична идеја. Имате потреба да отпатувате на планина. Чист воздух ќе ви дојде добро.

Неделен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

Љубов Работа Здравје
5 4 4

17 до 23 февруари 2020

Љубов: Ќе бидете активни во барањето на сродна душа, ако сте сѐ уште сами. Нема да ви биде тешко да отидете на крајот на светот за да го најдете тоа што го барате. Оние што се во врска ќе ја изненадуваат саканата личност со предлози полни со активности и динамика.

Работа: Во работата малку ќе се надмудрувате или натпреварувате. Ќе дојде до израз вашиот борбен дух. Со авторитетите не стоите најдобро, па внимавајте како соработувате со нив. Немојте да инсистирате на своите идеи, сѐ уште не е време некои од нив да се остварат. Издржете.

Здравје и совет: На полето на здравјето ве очекува период во кој ќе бидете склони кон проблеми со циркулацијата и крвотокот на некој начин. Одете во теретана.

Месечен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

февруари 2020

Работа: Овој месец за вас ќе биде многу успешен и активен. Ќе имате многу идеи и постојано ќе размислувате како да ги реализирате и на кој начин. Таман ќе имате на ум една идеја, ќе ви се јави друга и ќе барате консултација со вашите соработници за начинот на реализација. Ќе се трудите сите коцки да ви се поклопат и кон тоа ќе тежнеете. Сепак, во еден момент бидете внимателни затоа што може да се случи некое недоразбирање со колегите. Едноставно ќе сакате да избегнете некои непредвидени ситуации. Не е момент да побарате дополнителна работа затоа што реално немате време како што треба да ја работите и оваа една, па приберете се малку и подобро организирајте се за се ова да го завршите како зрела и одговорна личност. Оние што се без работа, ќе воспостават контакти со пријателите или ќе запознаваат нови личности со кои би можеле да соработуваат. Ќе имате многу различни идеи и ако сакате сами да започнете бизнис, ќе сакате да чуете мислење од повеќе личности со кои сте во контакт и така да одлучите која работа е најсоодветна. Крајот од месецот е поволен за реализација на плановите.

Љубов: Овој месец ќе бидете расположени за љубов и уживање со партнерот. Ќе сметате дека не треба да губите време ниту зборови, туку со конкретни дела да покажете што делува позитивно на вашиот однос и го зацврстува. Меѓутоа вашиот партнер може да има многу обврски и нема да може да поминува повеќе време со вас, онака како би сакале. Нема да можете да се вклопите со времето и вашиот однос на почетокот од месецот малку ќе трпи. Крајот од месецот ќе биде значително подобар и може да разговарате со партнерот и да му кажете за сѐ што ви пречело и што очекувате од него. Можеби е паметно отворено да му кажете сѐ што ви пречи и да го потсетите партнерот дека вие сте направиле голема жртва одбивајќи унапредување за да започнете заеднички живот. Оние што се слободни, може да посакаат да излезат со личност која им е симпатична. Но нема да можете да ги вклопите термините за излегување. Кога вие ќе имате време, тој/таа нема да има и обратно. Таквата ситуација ќе се смени кон крајот од месецот.

Здравје: Овој месец можно е да се чувствувате уморно и исцрпено, но генерално ќе бидете со добро здравје. Ќе ви треба повеќе сон и потрудете се да си го дозволите. Имате чести проблеми со болки во ’рбетот и тоа како последица на постојаното седење поради природата на работата, но генерално не сте премногу склони да бидете физички активни. Потрудете се да ја намалите телесната тежина, тоа ќе ви ги намали проблемите со ’рбетниот столб и со зглобовите.

Годишен хороскоп

Скорпија Скорпија
 23.10-21.11

2020

Во 2020-та година Скорпиите треба да ја користат својата позитивна енергија за да им помогнат на другите да напредуваат во своите животи. Максимално и разумно треба да го користите времето оваа година.

За вас 2020-та година ќе биде посебно напредна и многу од работите кои ќе ги посакате, ќе ви се исполнат како награда за сите вложени напори во минатото.

На почетокот од годината ќе забележите драстични промени посебно кога се работи за кариерата, а како што годината ќе одминува, така вие ќе напредувате духовно.

Единствено таинственоста може да ви донесе недоразбирања во 2020-та, па подобро би било гласно да ги кажувате работите кои ги сакате.

 

Работа и финансии

Оваа 2020-та нема да биде претерано продуктивна за Скорпиите, па можни се кратки периоди на досада на моменталното работно место. Ова ќе ве поттикне да размислувате за промена на кариерата.

Впуштете се во потрага по професија која е во склад на вашите вештини и работите кои сакате да ги правите. Нема смисла да ја напуштите моментално здодевната работа за да се посветите на уште поздодевна.

2020-та ќе биде опуштена и кога се работи за финансиите. Важно е да се советувате со стручни лица за вашите трошоци и влогови. Сите долгови конечно ќе се исчистат.

Раната пролет во 2020-та ќе ви донесе енергија неопходна за привлекување награди. Продолжете да бидете вредни, но не и напорни.

 

Љубов

Вашиот љубовен живот ќе продолжи да се движи во иста насока како и во 2019-та. Сепак, ќе има мали промени доколку сте сами, односно има големи шанси да запловите во љубовна врска на самиот почеток од годината.

Без оглед на тоа дали сте во брак, врска или сами, љубовните одлуки ќе ви бидат тешки во оваа 2020-та година.

Избегнувајте комплетна контрола над партнерот, обидете се да се опуштите сами и во друштво на пријателите.

Секогаш ќе мора да размислувате на последиците пред да преземете драстични мерки. Не е важно да идете само интимни за да бидете среќни.

 

Здравје

Во споредба со 2019-та година, Скорпиите ќе имаат многу повеќе енергија од очекуваното. Веројатно нема да знаете што да правите со неа, па ќе мора да откриете ново хоби.

Првите неколку месеци важно е да ја избалансирате исхраната. Ова ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот и да избегнете проблеми во остатокот од годината.

Не се форисирајте до самиот раб на исцрпување, и физички и психички. Воведете подобра дисциплина за подобро здравје е конечниот совет за 2020-та.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најнови игри