Хороскоп за Вага


Дневен хороскоп

Вага Вага
 23.09-22.10

Дневен хороскоп за Вага - вторник, 18 февруари 2020

Секојдневните проблеми прават да се чувствувате песимистички. Се плашите од разболување. Важна е вашата добра волја. Немојте да си го трошите времето во постојана грижа. Најдобриот пријател е вашата светла точка.

Неделен хороскоп

Вага Вага
 23.09-22.10

Љубов Работа Здравје
5 4 4

17 до 23 февруари 2020

Љубов: Се наоѓате во фаза на богат семеен живот. Речиси нема да има значајно случување во кое нема да го вклучите семејството. Кај некои од вас тоа ќе биде семејството од коешто потекнуваат. Оние што се во врска ќе гледаат како подобро да ја поврзат саканата личност со семејството.

Работа: Може да бидете во ситуација нешто да жртвувате или борбите за ангажман да бидат такви што нема да бидете сигурни дека тоа се исплати. Преиспитајте ги своите критериуми и цели. Се зависи од тоа што всушност сакате.

Здравје и совет: На полето на здравјето можни се проблеми со главата, нискиот притисок, како и склоност кон тегоби поврзани со очите и видот. Посоветувајте се со лекар. Спортувајте.

Месечен хороскоп

Вага Вага
 23.09-22.10

февруари 2020

Работа: Овој месец ќе ви биде еден од најдинамичните и најнапорните месеци во оваа година. Сте ги ставиле туѓите потреби пред своите, но и тоа нема да ви донесе ништо добро во следниот период. Ќе имате многу работа, но со задоволство ќе одговарате на сите повици. Ако во претходниот месец сте одмарале и сте правеле планови за наредниот период, сега треба да земете залет за работата да тргне по нагорна линија. Ќе бидете многу организирани, лидерски настроени без разлика дали сте претпоставени или не. Многу одговорности ќе преземете на себе и ќе бидете мотивирани да ги придвижите соработниците. Вакво темпо ќе има во првите две недели од месецот, подоцна ќе бидете поорганизирани во тимот и секој ќе ги знае своите обврски. Имате шанса на крајот од месецот да остварите извонредни резултати и да добиете унапредување и значително да ги подобрите финансиите. Оние што се без работа, ќе бидат мотивирани да најдат нова работа. И точно ќе знаат што им е потребно и каде да побараат работа која потполно би им одговарала.

Љубов: Оние што се во врска или во брак нема да имаат многу време за семејството. Дури и ако поминуваат време во семејно опкружување, цело време ќе зборуваат за партнерот, за работата, за своите амбиции и визии кои планираат да ги остварат во наредниот период. Партнерот сосема добро ќе ве разбира, дури и ќе му бидат симпатични вашите идеи и ќе ги смета за малку чудни. Можно е да ви приговори, но вам тоа нема да ви пречи затоа што имате јасни визии за својата иднина. Оние што се осамени ќе бидат добро расположени и комуникативни. Ако остварувате нови контакти ќе оставите впечаток на личност која е сестрана и комуникативна. Ќе бидете во можност да одберете со кого сакате да го поминете времето. Оние што се сами имаат желба да се запознаат со некоја личност која долго време им се допаѓа, но таа е зафатена и само без потреба го губите времето и можеби премногу сте ја идеализирале во својата глава, па сега не треба да почнете да страдате.

Здравје: Ве мачи често несоница и чувствувате нервоза и напнатост и поради тоа имате реално чувство на гушење и прескокнување на срцето. И стресот е сериозна работа како за менталното, така и за вкупното здравје. Мора да се посоветувате со стручно лице ако не можете самите да го решите проблемот затоа што сѐ е во вашата глава и не смеете тоа да го потиснувате и да се тешите дека е сѐ нормално и во ред.

Годишен хороскоп

Вага Вага
 23.09-22.10

2020

2020-та за Вагите ќе биде година полна со работа, но и со среќа, па искористете ги сите шанси кои ви се нудат за напредување.

Хороскопот за 2020-та на Вагите им ветува година полна со личен напредок и себе-разбирање, што ќе ви помогне да постигнете големи промени во животот.

Ве очекуваат повеќе кратки патувања и многу дружење со вашите блиски пријатели, но и со нови контакти во приватниот и професионалниот живот.

Ќе бидете многу силни и пред светот ќе се покажете во одлично светло, заради што ќе стекнете многу почит, а животот ќе ви се врти околу децата, па можни се и некои промени на тоа поле.

 

Работа и финансии

Ќе бидете мотивирани да работите повеќе од кога било, а истовремено ќе бидете фокусирани и на вашите хобија, па ќе имате доста активна година и распоредот постојано ќе ви биде исполнет.

Сепак, не се чувствувајте виновно ако направите пауза одвреме-навреме, бидејќи ќе го заслужувате тоа. Иако имате потреба повеќе работи да ги направите сами, сепак во некои периоди е подобро да се впуштите во тимска работа за подобри резултати.

Кога станува збор за финансиите, ќе имате помалку непланирани,големи трошоци, но сепак, може да дојде до недостатоци во одредени месеци, па најдобро е да пробате да заштедите нешто.

Ќе имате нови и креативни начини за заработка, а нови професионални шанси и договори се можни на пролет. Ќе бидете наградени за целиот труд во изминатиот период, а ќе имате можност да ја покажете вашата висока стручност.

Бидете великодушни, но немојте да ја фрлате вашата заработка на непотребни работи и да инвестирате во „ветер во магла“.

 

Љубов

За 2020-та ѕвездите предвидуваат подобрување на проблемите кои можеби сте ги имале во претходната година. Можни се мали шанси за немир во односите, но оваа година имате шанси за усогласување.

Ќе имате желба за поголема контрола во љубовта, па би било добро да не дозволувате партнерот да ве кочи, бидејќи ви е потребна и слобода и поддршка за личен развој.

Доколку сте слободни, внимавајте да не се впуштите во авантура со некој кој сака да ја има контролата над вас и не ви овозможува простор за издигнување на лично поле. Ќе имате шанси за почеток на здрава врска ако барате некој со кој може заедно да освојувате животни цели.

Семејните односи исто така ќе се одвиваат како „мед и млеко“ и нема да имате сериозни проблеми, па уживајте во секој момент поминат со саканите.

 

Здравје

Во првите неколку месеци од 2020-та ќе се наполните со енергија, па обидете се во текот на цела година да ја насочувате правилно и да не ја потрошите одеднаш.

Иако Вагите не важат за љубители на вежбањето, сепак ова ќе мора да го промените и да докажете дека можете подобро, за да ја зачувате енергијата и доброто здравје.

Ќе имате интерес и за алтернативни здравствени методи, па добро би било да направите баланс и целосно да се погрижите за себе.

Во 2020-та ќе бидете фокусирани и на подобрување на менталното здравје и духот, па ќе зајакнете како личност и ништо нема да ви стои на патот.

  • Horoskop-Oven
  • Horoskop-Bik
  • Horoskop-Bliznaci
  • Horoskop-Rak
  • Horoskop-Lav
  • Horoskop-Devica
  • Horoskop-Vaga
  • Horoskop-Skorpija
  • Horoskop-Strelec
  • Horoskop-Jarec
  • Horoskop-Vodolija
  • Horoskop-Ribi

Бонус хороскоп

Најнови игри