Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Царина


На сон царина или цариник предупредуваат на нервози, непријатности, непредвидени трошоци.

Цариник

На сон царина или цариник предупредуваат на нервози, непријатности, непредвидени трошоци.

Цвекло

Криете некои тајни, алтернативни страсти и желба за некоја личност. Сок од цвекло претставува ведрина, здравје и долг живот.

Цвеќе

Ако видите: пријателство, среќа; ако го берете: успех, добра жетва, добивка; ако садите: неочекуван подарок; ако помирисате: ќе имате некои „главоболки“.

Целер

Ако видите целер на сон значи неочекувана радост. Ако сонувате дека јадете целер тоа значи дека ќе имате минлива љубовна авантура, љубење.

Цемент

Ако сонувате цемент тоа значи дека ќе склучите пријателство со личност која секогаш ќе ви биде верна.

Цена / Ценовник

Што значи ако во сон сонувате цена или ценовник?

Доколку на сон плаќате некоја цена, тоа значи дека ќе си го расипете односот со саканата личност.

Доколку на сон разгледувате ценовник, значи дека ќе се двоумите помеѓу неколку љубовници.

Ако одредувате цена на сон, тогаш ќе застанете во одбрана на вашето семејство.

Доколку на сон прашувате за цена на одреден производ, тоа значи дека ќе се сомневате во личноста која ја сакате.

Ако, пак, некој одредува цена за време на вашиот сон, тоа значи дека ќе добиете нова работа.

Ценкање

Ако се ценкате на сон значи дека ќе западнете во сиромаштија поради претерано трошење на пари.

Церада

Ако сте сонувале церада тоа значи здрав живот и успех во работата.

Цигари

Ако сонуваш дека пушиш цигара значи дека ќе добиеш добра положба во служба, а ако видиш цигара значи дека ќе се разочараш.

Цигли

Ако видите цигли на сон значи дека ве чека период исполнет со среќа, несреќа, грижа, тешка работа.

Цимет

Цимет на сон значи дека ќе добиете подарок или бакнеж од саканата личност.

Циркус

Ако видите циркус тоа значи дека ќе те измамат на работа, ако учествуваш во циркус значи јавен срам поради кој ќе ти го свртат грбот луѓето во кои си верувал.

Цицање

Ако цица сиромашен тоа значи радост, а за богатите тоа значи тага на јаве.

Циција

Циција е симбол на непријатни вести, расправии во семејството, неуспех, каење и несреќен брак.

Црвен автомобил

Овој сон значи дека треба да се ослободите од негативна енергија која ја чувствувате.

Црвена боја

За мажите, црвената боја означува несреќа, трошоци, а за жените, среќа во љубовта.

Црвена роза

Кога на сон гледате црвена роза тоа значи дека покрај себе имате личност која ве обожава.

Црвено јаболко

Црвеното јаболко на сон најавува еден многу добар период во животот на оној кој го сонува.

Црви

Ако видите црви на сон тоа значи дека завидливите луѓе се обидуваат да ви го загорчат животот.

Цреши

Берење: радост, љубовна авантура; јадење: здравје; кисели: желбите ти се недостижни; дрво во цвет: радост; купување: залудна радост.

Црква

Ако видите црква: некој сака да ви го попречи патот, озборување; ако ѕидате: богатство, неочекувана добивка; ако влегувате во црква: жалост, грижа, лоши вести; ако се молите во црква: желбата ќе ти се исполни.

Црковна служба

Ќе склучите успешна зделка. 

Црн дроб

Ако сонувате црн дроб или џигер, тоа претставува предупредување да се чувате од алкохол, а ако видите црн дроб тоа значи дека ќе наследите нешто.

Црн коњ

Ако на сон видите црн коњ тоа значи дека ќе мора да вложите многу труд и работа за да остварите некој голем успех.

Црна боја

Предупредува на жалост, тага, грижа која ќе ве снајде на јаве.

Црна мачка

Иако се смета дека црната мачка на јаве претставува опасност, проблеми, па дури и смрт, во соновите има сосема поинакво значење.

Црна птица

Доколку на сон видите црна птица тоа значи дека веројатно ќе чуете вести кои ќе ве загрижат.

Црнина (црна облека)

Ако сонувате дека носите црнина значи дека неволјата ви тропнала на врата.

Црно куче

Црно куче на сон има повеќе значења во зависност од контекстот во кој се одвива, како и чувствата што го следат.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg