Буква З - Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Соновник - најобемниот македонски соновник | Sonovnik - CRNOBELO.com

Term Main definition
Забавување (журкање)


Ве чека тешка старост, долгови; гледате како другите лудуваат: радост, среќа; во сон: надевајте за на веселбата што ја посакувате.

Заби

Ако имате убави бели заби во сон: здравје, репутација; лоши и расипани: болест, неуспех; златни: богатство; ако добиете нови заби: голема корист, здравје; ако имате вештачки заби: некој ќе ве измами; скршен заб: лутина, болест; ако ви испаднат забите: смрт во семејството, несреќа; ако ги поправате забите: ќе станете подобри; ако извадите заб: ќе ги раскинете врските со несакана личност; ако миете заби: се мачите за друг, штета.

Забоболка

Ако чувствувате забоболка во сон, тоа значи дека треба да посетите лекар.

Заборавање

Ако заборавите нешто во вашиот сон, тоа значи дека се соочувате со загуба, неуспех.

Завеса

Ако сонувате завеса значи да ја чувате својата тајна на јаве.

Завој

Ако ставите завој во сон значи дека ќе ја изгубите слободата (можеби со брак).

Загуба

Ако сонувате дека сте претрпеле загуба тоа е предупредување што поскоро да почнете да собирате вересија.

Заем

Ако сонувате дека давате заем значи дека кругот на вашите непријатели се зголемува, додека ако сонувате дека примате заем предупредува дека лошо ги исполнувате своите обврски.

Зајак

Ако фатите див зајак: среќата ви е на дофат на раката, предбрачни разговори; ако јадете: ќе раскинете со пријател или пријателка, разговор лице в лице, здравје, радост; ако убиете: мала несреќа на патот; ако видите зајак: стравот ќе ве престигне.

Закачалка

Ако гледате закачалка значи дека ви претстои гозба или непријатни гости. 

Закопано богатство

Сте почнале да се претставувате во поинакво светло.

Залив

Ако видите залив во вашиот сон значи дека се ближи крајот на вашите проблеми.

Залог

Свое: не сте далеку од немаштија; туѓ: развод; ако сте добиле залог: љубопитноста штети.

Заљубеност

Ако сте заљубени во вашиот сон предупредува дека во блиска иднина ве очекува мало разочарување.

Занаетчија

Занаетчијата во сон симболизира дека вашата трудољубивост ќе дојде до израз.

Запросување

Ако запросите девојка или да ве запросат значи дека ве очекуваат љубовни радости.

Затвор

Не ризикувајте во работата.

Затвореник

Ако сонувате дека сте затвореник значи дека другите ќе се грижат за вас.

Заштеда на пари

Ако заштедите пари во вашите соништа може да значи дека можете слободно да очекувате универзален успех во реалноста.

Здолниште

Ако сонувате здолниште предупредува на сиромаштија, загуба.

Зелена боја

Зелената боја укажува дека ќе ви се насмевне иднината.

Зелка

Ако садите: безгрижен живот; ако киселите: расправија во домот; ако јадете: желбата ќе ви се оствари.

Земја

Ако копате: некого ќе го погребате, грижи, болест, неприлики; ако ја орате: добивка, плодна година, среќа во бракот.

Земјотрес

Ако доживеете земјотрес во вашиот сон предупредува на опасност, останете непоколебливи во своите намери.

Зимница

Премногу штедите. 

Златна боја

Златната боја укажува на богатство, напредок и одлучност.

Злато

Ако пронајдете: тага, несреќно наследство; ако ископате: залудно очекувате среќа; ако броите /давате: ќе изгубите драга личност; ако изгубите: некој од вашата непосредна околина ве изневерува.

Злосторство

Ако направите: ќе паднете на милост и немилост на претпоставените, голема опасност, ако видите: некој ќе ве измами, суд.

Змеј

Кога на сон ќе видите змеј, тоа е знак дека сте загрижени поради грешки што сте ги направиле на работа.

Змија

Голема: имате голем негативец во близина, загуба; мала: ќе се лутите на некого; ако ве касне: ќе бидете клеветени, болест; ако ја убиете змијата: ќе ги победите противниците, успех на сите полиња, дури и во љубовта; повеќе змии: кратка непријатност; ако нападнете змии: опасност, болест, понекогаш смрт.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg