Соновник | Sonovnik

Term Main definition
Лабораторија


Сонувањето лабораторија означува да не се мешате во туѓи работи, болест.

Лав

Ако се брка лав: загуба; убивање на лав: ќе дојдеш до моќ и углед; ловење лав: доброто се враќа со добро; гледање: ќе ѝ се допаднеш на голема (моќна) личност.

Лаванда

Стрес кој може да влијае на вашето здравје.

Лавина

Гледање лавина во сон значи дека во реалноста ви се приближува опасност.

Лавиринт

Талкање по лавиринт: грижи и проблеми; ако излезете од него: сè има крај, и добрите и лошите работи.

Лаење на кучиња

Слушањето лаење на кучиња во сон предупредува дека ви претстои непријатно изненадување на јаве.

Лажење

Ако лажете: неуспех, грижи, беда; слушање лаги: некој ќе те насамари.

Лажица

Голема: ќе се најдете во пријатно друштво, добар апетит; мала: удобен живот.

Лажни документи

Ве предупредуваат дека ќе имате работа со суд.

Лажно сведочење

Сонување дека лажно сведочите значи дека ќе доживеете срам на јаве.

Лале

Гледање лалиња во сон ве предупредува да не бидете горди и лекомислени на јаве.

Ламба

Ако свети: твојата желба ќе биде исполнета, радост; изгасена: смртен случај во близина, загуба.

Ланче

Ланче за околу врат на сон означува оправдан сомнеж во луѓето кои ве окружуваат. 

Ласица

Ќе бидете изложени на алчни желби.

Ласкање

Слушање ласкање во сон предупредува да бидете внимателни.

Леб

Ако месите леб: ве очекуваат големи грижи; ако јадете леб: богатство, добри и моќни пријатели; ако печете леб: среќа и задоволство во семејството; ако видите леб: без потреба не им се доверувајте на пријателите.

Лебед

Да гледате лебед во сон значи дека ве чека среќен брак, свадба, принова во семејството.

Лежење

Сам во кревет: жал, тага; со спротивниот пол: ќе те обвинат невин; на трева: ќе најдеш утеха на срцето.

Лекар

За болните значи заздравување; за здравите: да чуваат деловна тајна, болест; разговарање со лекар: вашата желба нема да се оствари.

Лекови

Земате сами: внимавајте на пијанство, несреќа; давање на други: среќа, благосостојба.

Лековити билки

Гледање лековити билки во сон предупредува дека ви претстои сериозна болест.

Лен

Сонувањето лен значи дека ќе се збогатите, благосостојба во домот.

Лепеза

Лепеза во сон означува невозвратена љубов, измама.

Лепите нешто

Сонување дека лепите нешто укажува на тоа дека вашата совест е немирна.

Летање па паѓање

Разочарување, непријатни промени ве очекуваат на јаве.

Лето

Сонување лето значи дека ќе здобиете нечија доверба.

Лешник

Берење: ќе се ослободиш од грижите; јадење: болест, кавга со љубовник/ца.

Ливада

Неискосена: радост, љубовен состанок; искосена: опкружен си со завидливи луѓе.

Ликер

Пиењето ликер во сон значи дека некој ќе те преплаши, радоста ти е со краток век.

Лилјак

Лилјак во сон значи дека ќе бидете ограбени, ќе чуете лоши вести.



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg